Close Menu
Press24
    Најново

    Македонец предизвика голема полициска акција во Швајцарија

    30.10.2026 во 23:51

    Милијарди долари под знак прашалник: Хакери ја нападнаа најголемата криптоберза „Бајнанс“

    30.10.2026 во 23:29

    Масовни протести и судири со полицијата во Италија: Осуммина уапсени, користени водени топови во Рим и Торино

    30.10.2026 во 23:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Македонец предизвика голема полициска акција во Швајцарија
    • Милијарди долари под знак прашалник: Хакери ја нападнаа најголемата криптоберза „Бајнанс“
    • Масовни протести и судири со полицијата во Италија: Осуммина уапсени, користени водени топови во Рим и Торино
    • Прво обраќање на Криста Пајк по неуспешната егзекуција: „Болката е и во мојот ум и во душата“
    • Илјадници луѓе на улиците на Франција по крвавиот масакр
    • САД наредија евакуација на дел од дипломатскиот персонал од Саудиска Арабија
    • Врховниот суд ја потврди казната: 12 години затвор за Стојанче Јовановски
    • УХМР со најнови мерења: Еве каде е најстудено вечерва во Македонија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Крвав напад во јужна Турција: Четири лица убиени, полицијата со хеликоптери трага по напаѓачот

    Крвав напад во јужна Турција: Четири лица убиени, полицијата со хеликоптери трага по напаѓачот

    20.05.2026 во 17:111 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Вооружен напаѓач отвори оган во јужна Турција, при што уби четири лица, а рани уште осум, јавуваат локалните медиуми повикувајќи се на извештаите на Би-Би-Си.

    Смртоносниот инцидент се случил во округот Тарсус, во покраината Мерсин, а според турските весници „Хуриет“ и „Си-Ен-Ен Турк“, напаѓачот сè уште е во бегство.

    Хронологија на нападот: Убиени сопственик на ресторан, возач на камион и овчар

    Според првичните информации, нападот започнал во локален ресторан каде напаѓачот веднаш усмртил две лица. Се претпоставува дека жртвите се сопственикот на објектот и еден од вработените.

    По крвавиот пир во ресторанот, осомничениот побегнал со автомобил, но неговиот смртоносен поход тука не завршил. Во бегството, тој продолжил да пука по случајни минувачи, при што убил возач на камион и овчар кој во тие моменти ги носел своите овци на пасење во близина.

    Голема полициска потера, мотивот непознат

    Турската полиција веднаш започна масовна и координирана акција за пронаоѓање на сторителот. Во потрагата се вклучени и полициски хеликоптери кои го пребаруваат теренот од воздух.

    Локалните медиуми пренесуваат дека осомничениот за овој грозоморен чин е 17-годишно момче. Мотивите за нападот засега остануваат целосно непознати, а истрагата пренесена и преку новинската агенција „Хина“ е во тек.

    Прочитај повеќе

    Вучиќ: За пет дена срушија и уништија сè

    30.10.2026 во 21:42

    Го собориле на под, а кога го отвориле багажникот останале во шок – српската полиција во акција

    30.10.2026 во 20:55
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.