Close Menu
Press24
    Најново

    Муцунски: Европската комисија става на располагање 65,7 милиони евра, ова е највисок износ во регионот

    20.05.2026 во 14:35

    Кривична пријава за двајца припадници на Единицата за интервентна полиција во Скопје поради малтретирање при служба

    20.05.2026 во 14:30

    Инцидент на пазарот во Гази Баба: Со пиштол им се заканил на татко и син, па физички ги нападнал

    20.05.2026 во 14:27
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Муцунски: Европската комисија става на располагање 65,7 милиони евра, ова е највисок износ во регионот
    • Кривична пријава за двајца припадници на Единицата за интервентна полиција во Скопје поради малтретирање при служба
    • Инцидент на пазарот во Гази Баба: Со пиштол им се заканил на татко и син, па физички ги нападнал
    • Уапсен жител на Старо Нагоричане: Со тврд предмет усмртил куче во сопствениот кокошарник
    • Над пет години затвор за охриѓанецот кој како лажен доктор зеде 56.000 евра од пензионери во Штип и Виница
    • Пожарникарска романтика во Скопје: На Денот на пожарникарите ја запроси својата девојка
    • Тошковски на показната вежба во Автокоманда: Пожарникарите и полицајците секогаш заедно во заштита на граѓаните
    • Се обидел добро да ги скрие но му ги најде кучето – царината му „изгоре“ 500.000 евра на Табановце
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Муцунски: Европската комисија става на располагање 65,7 милиони евра, ова е највисок износ во регионот

    Муцунски: Европската комисија става на располагање 65,7 милиони евра, ова е највисок износ во регионот

    20.05.2026 во 14:351 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    „Тоа што го говорев пред неколку недели во интервју за Сител Телевизија, денеска и официјално се потврди – Европската комисија соопшти дека става на располагање 65,7 милиони евра за нашата држава во рамки на Инструментот за реформи и раст, што претставува највисок износ во регионот, во споредба со 49 милиони евра за Албанија и 44,2 милиони евра за Црна Гора“, напиша министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски на социјалните мрежи.

    „Ова е јасна потврда за силната посветеност на Владата кон реформите, исполнувањето на обврските од Планот за раст и имплементацијата на европските вредности и стандарди на домашен план. Воедно, тоа претставува признание за сериозниот пристап, институционалниот капацитет и реформскиот напредок на државата“, додаде Муцунски.

    Согласно официјалната информација објавена од Европската комисија, средствата се одобрени во рамки на Инструментот за реформи и раст, по позитивната оценка за спроведените реформски чекори. За нашата држава, оценетите реформи се однесуваат на мерки поврзани со образованието и дигитализацијата.

    Од вкупно одобрените 65,7 милиони евра, 30,6 милиони евра ќе бидат префрлени директно во државниот буџет, додека преостанатите средства ќе бидат ставени на располагање за инвестициски проекти преку Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF).

    Прочитај повеќе

    Ѓорѓиевски со честитка за Денот на пожарникарите: Го завршивме спортскиот комплекс во Противпожарната бригада во Скопје

    20.05.2026 во 13:38

    Спасовски до Владата: Се тврди дека сме трета економија во Европа, а се задолжуваме со нови 260 милиони евра

    20.05.2026 во 13:17
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.