Close Menu
Press24
    Најново

    Иванов: Македонија станува клучна транспортна крстосница, интензивно се работи на автопатите и експресните патишта

    08.07.2026 во 11:56

    Манасиевски: СДС, Левица и ДУИ нека се договорат меѓу себе што сакаат од Изборниот законик

    08.07.2026 во 11:48

    Подгответе се за пресврти со времето: УХМР со временска најава до крај на неделата

    08.07.2026 во 11:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Иванов: Македонија станува клучна транспортна крстосница, интензивно се работи на автопатите и експресните патишта
    • Манасиевски: СДС, Левица и ДУИ нека се договорат меѓу себе што сакаат од Изборниот законик
    • Подгответе се за пресврти со времето: УХМР со временска најава до крај на неделата
    • МВР: Силна меѓународна соработка за побезбедна Македонија
    • Топлотен бран ја зафати Македонија: Температурата достигна 33 степени уште претпладне
    • Нови детали: Позната причината за смртта на студентката од Македонија во Солун
    • Муцунски во Анкара: Разговор со холандскиот шеф на дипломатијата
    • ММФ: Геополитичките кризи го прават бакарот сè повреден, Македонија сè уште не ги користи резервите во Иловица
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Владата го одби законот за двојни државјанства за да ги заштити министрите со бугарски пасоши

    СДСМ: Владата го одби законот за двојни државјанства за да ги заштити министрите со бугарски пасоши

    20.05.2026 во 09:082 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Граѓаните добија уште едно јавно и многу јасно признание од организираната криминална група ВМРО – дека Владата на Мицкоски е полна со луѓе кои имаат бугарски пасоши, велат од СДСМ.

    „ВМРО-ОКГ и Мицкоски одбија да го прифатат предлог-законот на СДСМ со кој премиерот, вицепремиерите, министрите и членовите на Владата не би можеле да имаат двојни државјанства.

    Зошто го одбија? Затоа што пола Влада веднаш ќе требаше да си замине.

    Може во Влада на Мицкоски со бугарски пасоши ама малцинства во Уставот – тоа не може.

    Ова е врв на лицемерие и лажење на граѓаните.

    Со години ширеа хистерија, страв и лажен патриотизам. Ги лажеа граѓаните дека некој им го загрозува македонскиот идентитет, додека тие тивко си обезбедувале европски документи за себе и за своите семејства.

    Вицепремиери, министри, пратеници, градоначалници, директори – цела мрежа на функционери на ВМРО-организираната криминална група со бугарски пасоши.

    Додека Македонија намерно ја држат во изолација и создаваат конфликти со соседите, за себе одамна си ја обезбедиле европската иднина.

    Одбивањето да се прифати предлог-законот на СДСМ целосно ја разобличува нивната лицемерна политика.

    Признаа дека Преспанскиот договор е ремек-дело на дипломатијата.

    Признаа дека со Преспанскиот договор се заштитени македонскиот јазик, култура и национален идентитет.

    Признаа дека НАТО е феноменална работа, дека ја гарантира безбедноста на државата и придонесува за подобра бизнис-клима.

    И сега дојде време за уште едно признание – дека Владата на Мицкоски е полна со луѓе со бугарски пасоши.

    Овие луѓе повеќе никого не можат да излажат. Прочитани се.

    Сега нека признаат и дека со години водеа лажна пропаганда само за да дојдат на власт и да ја блокираат европската иднина на Македонија.

    ВМРО-ОКГ е единица мерка за лага, лицемерие и политичка измама.

    Но, граѓаните веќе ја знаат вистината“, стои во соопштението од СДСМ.

    Прочитај повеќе

    Иванов: Македонија станува клучна транспортна крстосница, интензивно се работи на автопатите и експресните патишта

    08.07.2026 во 11:56

    Манасиевски: СДС, Левица и ДУИ нека се договорат меѓу себе што сакаат од Изборниот законик

    08.07.2026 во 11:48
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.