Close Menu
Press24
    Најново

    Нов удар за пушачите: Цигарите би можеле да скокнат на 16 евра кутија

    17.09.2026 во 16:33

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Се огласи Хашим Тачи по пресудата во Хаг: Останете смирени

    17.09.2026 во 19:17
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Подгответе се за вистинска есен – температурите ќе опаднат за неколку степени
    • (ВИДЕО) Брза реакција на полицијата: Казнет возачот кој со автомобил се движел по пешачка патека покрај реката Вардар
    • Полициска интервенција во скопски Аеродром: Уапсен маж по тепачка во казино и напад врз службени лица
    • Одлука на Врховниот суд: Укината пресудата за Ласкарци, предметот се враќа на повторно одлучување во Апелација
    • Трагедија на Филипините: Најмалку шест ученици убиени, а 17 повредени во пукотница во средно училиште
    • (ФОТО) Манасиевски: Жерновски повторно забележан со „Мерцедесот“ на братучедот и непрописно паркиран
    • Вучиќ се сретна со Зеленски
    • Запреле „Мерцедес“ на автопат, а внатре пронашле 20 килограми дрога – Филмско апсење во Ниш
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » (ВИДЕО) Конески: Бројот на стипендии не се намалува, ниту партиципацијата во студентските домови се зголемува

    (ВИДЕО) Конески: Бројот на стипендии не се намалува, ниту партиципацијата во студентските домови се зголемува

    19.05.2026 во 15:112 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Членот на Извршниот комитет на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Тодор Конески, на денешната прес-конференција ги демантираше тврдењата на опозицијата и јавноста дека со новиот Закон за студентски стандард се кратат стипендиите и се зголемува цената за престој во студентските домови.

    Според него, бројот на стипендиите воопшто не е дел од законското решение, туку тие се носат на годишно ниво, согласно Буџетот и потребите на државата. Тој објасни дека се предлага подобро прераспределување во рамките на квотата за да се добијат стипендии кои се базираат на успех и на потребите на пазарот на трудот.

    Конески посочи дека недоделените стипендии во изминатите пет години се должат на тоа што квотата за социјални стипендии не се исполнувала, а законите досега не дозволувале тие средства да се прелеат во друга група.

    „Измената на законот дава подлога за јасна дистинкција меѓу видовите на стипендии, за кои потоа на годишно ниво, врз основа на Програмата за развој и унапредување на студентскиот стандард и конкурсите, ќе се утврдуваат бројот на стипендии по вид и износот на стипендијата за секој посебен вид и категорија“, изјави Конески.

    Тој додаде дека досегашните стипендии биле конфузни и со ист месечен износ, па не се правела разлика меѓу оние за висок просек и оние за стратешки области. Во однос на цените на студентските домови, Конески истакна дека партиципацијата никаде не е наведена во Предлог-законот за да се прејудицира дека ќе биде поголема, бидејќи и таа се утврдува на годишно ниво.

    „Министерството работи на ново законско решение со кое ќе ги преземе платите на вработените во студентските домови, за да се намали товарот врз партиципацијата која ја плаќаат студентите, а од која се финансираат платите на вработените во студентските домови“, информираше претставникот на УМС.

    На крајот, Конески најави дека претстојното лето ќе започне реконструкција на сите студентски домови со цел да станат енергетски ефикасни и опремени со современи услови за престој и академско надградување на студентите.

    Прочитај повеќе

    (ФОТО) Манасиевски: Жерновски повторно забележан со „Мерцедесот“ на братучедот и непрописно паркиран

    18.09.2026 во 17:44

    Левица: Влегуваме во битка со намалувањето на боледувањата

    18.09.2026 во 14:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.