Денес претседателот на Владата Христијан Мицкоски одржа работна средба на која присуствуваа копретседателите на ВЛЕН Билал Касами и Изет Меџити, на која се разговараше за темата со употребата на јазиците при полагање на правосудниот испит.
Беше нагласено дека само преку заеднички, мудар и достоинствен пристап може да се дојде до решенија кои ќе значат напредок, меѓусебна доверба и заедничко чекорење кон иднината.
Соговорниците се согласија дека образованието и знаењето претставуваат темел на секоја современа и успешна држава.
Оттука, институциите активно работат на изнаоѓање на решенија кои ќе бидат целосно усогласени со Уставот и со Законот за употреба на јазиците, со цел обезбедување правна сигурност и функционалност.
- (ФОТО) Манасиевски: Жерновски повторно забележан со „Мерцедесот“ на братучедот и непрописно паркиран
- Вучиќ се сретна со Зеленски
- Запреле „Мерцедес“ на автопат, а внатре пронашле 20 килограми дрога – Филмско апсење во Ниш
- Апсење на скопскиот аеродром – скопјснец со муниција во рачниот багаж се обидел да излезе од државата
- Нелегален ископ на песок во струмичко: Затекнати работници и возила без соодветна документација во река во Доброшинци
- Полициска акција во Охрид: Дрога, лишувања од слобода и затекнат малолетник во дом во кој се вршела препродажба
- Експлозија на шведски воен полигон: Неколку повредени
- Голема меѓународна акција: Спасени 147 деца жртви на сексуална експлоатација

