Close Menu
Press24
    Најново

    Приведен возач -„Летал” со 210 километри на час на автопатот кај Гевгелија

    09.07.2026 во 10:58

    Нови правила за наградните игри на интернет – Измените на сила од 14 јули

    09.07.2026 во 10:48

    Возела во спротивен правец и без возачка – Македонската полиција приведе девојка

    09.07.2026 во 10:34
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Приведен возач -„Летал” со 210 километри на час на автопатот кај Гевгелија
    • Нови правила за наградните игри на интернет – Измените на сила од 14 јули
    • Возела во спротивен правец и без возачка – Македонската полиција приведе девојка
    • ФОТО: Ова е малолетниот Душан кој загина во страшна сообраќајка – Автомобил се превртел, а тој излетал, голема трагедија ја потресе Србија
    • Левица: Власта не може истовремено да е предлагач, арбитер и жртва
    • ВМРО-ДПМНЕ: Додека некои само се сликаа со маици со бројки, ние правиме градежен бум
    • Трамп ја нарече Шпанија „ужасен партнер” па драстично го смени мислењето
    • Серискиот убиец од Старо Нагоричане седнува на обвинителна клупа
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Мицкоски да признае за неисполнувањето на ЕУ агендата, без уставни измени нема преговори

    СДСМ: Мицкоски да признае за неисполнувањето на ЕУ агендата, без уставни измени нема преговори

    18.05.2026 во 09:232 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    По признанијата на Христијан Мицкоски, Тимчо Муцунски и Гордана Сиљановска дека Преспанскиот договор е ремек-дело на дипломатијата, дека македонскиот јазик, култура и идентитет се заштитени и дека НАТО е една од најдобрите работи што ѝ се случиле на Македонија, останува Мицкоски да признае и за неисполнување на реформската агенда за ЕУ, велат од СДСМ.

    „Уште 13 дена остануваат до рокот што сам си го постави, а реформите за ЕУ не се завршени.

    Мицкоски ја крие суштината. Без измени на Уставот и внесување на малцинствата, нема продолжување на ЕУ интеграциите. Нема поместување од мртва точка. Нема отворање на следната фаза од преговорите, без разлика колку точки се исполенти.

    Прашањето на малцинствата не е прашање на Бугарите, како Мицкоски и неговата банда што го претставуваат, туку на сите малцинства, вклучително и Хрватите.

    Мицкоски самиот тврдеше дека има апсолутно мнозинство. Самиот велеше дека реформите ќе ги спроведе без СДСМ, дека Изборниот законик до 1 јуни ќе биде завршен. Самиот ја укина Техничката влада без консензус.

    Сега нека не бара алиби од СДСМ.

    Нека ги заврши реформите што ги вети. Нека ги исполни реформите до 1 јуни. Нека ги внесе малцинствата во Уставот и нека покаже дека навистина сака Македонија да продолжи кон ЕУ.

    Или конечно Мицкоски треба да им признае на граѓаните дека внесувањето на малцинствата во уставот не е никаква закана за македонскиот национален идентитет туку Мицкоски не сака ЕУ затоа што се плаши од одговорност.

    Доаѓа време на вистина, правда и одговорност“, стои во соопштението од СДСМ.

    Прочитај повеќе

    Левица: Власта не може истовремено да е предлагач, арбитер и жртва

    09.07.2026 во 10:14

    ВМРО-ДПМНЕ: Додека некои само се сликаа со маици со бројки, ние правиме градежен бум

    09.07.2026 во 10:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.