Close Menu
Press24
    Најново

    Ќоку: За ВЛЕН важно е дијаспората да гласа без разлика на формата, но да бидат во согласност со меѓународните стандарди

    07.07.2026 во 23:17

    Тошковски: Најниско ниво на криминалитет во последните 20 години

    07.07.2026 во 23:01

    По 25 години – нов етички кодекс за новинарите

    07.07.2026 во 22:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Ќоку: За ВЛЕН важно е дијаспората да гласа без разлика на формата, но да бидат во согласност со меѓународните стандарди
    • Тошковски: Најниско ниво на криминалитет во последните 20 години
    • По 25 години – нов етички кодекс за новинарите
    • Фредериксен: Гренланд не е на продажба
    • Минчев во Струмица: ЗНАМ продолжува со работни средби со локалните организации и членството
    • Битиќи: Ребалансот е фактура за владиниот дебакл, дефицитот руши рекорди, а власта крати од граѓаните и инвестициите
    • Конески: Владината мерка за студентско практикантство ќе ги доближи младите до институциите
    • Нова дигитална алатка: „Where Are You“ пристигнува за граѓаните
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » (ВИДЕО) Манасиевски: Заев започна со бришење на терминот „македонски’’, Филипче е спремен на тоа празно место да напише „северномакедонски’’

    (ВИДЕО) Манасиевски: Заев започна со бришење на терминот „македонски’’, Филипче е спремен на тоа празно место да напише „северномакедонски’’

    15.05.2026 во 12:232 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Опозициската СДС предводена од Венко Филипче ја продолжува антинационалната и антидржавната политика започната од Зоран Заев, која директно оди во интерес на бугарските власти, обвинија денеска од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

    На прес-конференција, членот на Централниот комитет на партијата, Валентин Манасиевски, истакна дека раководството на СДС нема никаков проблем со негирањето на македонскиот идентитет.

    „Заев започна со бришење на терминот „македонски’’ од сите државни институции, а сега неговиот потрчко и чувар на фотелјата во СДС, Венко Филипче е спремен на тоа празно место да напише „северномакедонски’’. Само СДС и Филипче немаат проблем кога некој не нарекува „северномакедонци’’, затоа за нив тоа е успех и се горди на тоа“, изјави Манасиевски.

    Според него, социјалдемократите свесно прифаќаат позиции со кои се штети на македонската историја и јазик.

    „Само Филипче и СДС, и нивниот врховен лидер Заев, немаат проблем да водат антинационална и антидржавна политика, која е во интерес на бугарските власти. За нив, нема ништо лошо во тоа Бугарија да го негира нашето постоење пред 1944 година, нашите револуционери и дејци да бидат Бугари и нашиот македонски јазик да биде произлезен или пак дијалект на бугарскиот јазик“, подвлече Манасиевски.

    Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека барањата за итни уставни измени се само првиот чекор од низата барања кои Софија ги подготвува за Македонија. Тие јавно го прашаа Филипче дали е уценет од група бугарски политичари и дали во тоа е вмешан и Зоран Заев.

    Од партијата порачаа дека државата мора да изгради цврст став во процесот на евроинтеграциите.

    „Филипче треба да се вразуми и да ги штити македонските интереси, а не бугарските интереси. Македонија мора да добие јасни гаранции дека уставните измени ќе бидат последното барање за влез на Македонија во ЕУ. Македонија мора да влезе во ЕУ како достоинствена, горда и исправена држава, а не наведната, усрамена и понижена како што беше со влезот во НАТО алијансата“, заклучи Манасиевски.

    Прочитај повеќе

    Ќоку: За ВЛЕН важно е дијаспората да гласа без разлика на формата, но да бидат во согласност со меѓународните стандарди

    07.07.2026 во 23:17

    Минчев во Струмица: ЗНАМ продолжува со работни средби со локалните организации и членството

    07.07.2026 во 22:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.