Close Menu
Press24
    Најново

    Младите во Гази Баба добија решенија за субвенции од 10.000 денари за возачки испит

    15.05.2026 во 12:04

    РКЕ донесе строги правила за кибербезбедност: Енергетските компании имаат рок од 30 дена да назначат службеници за заштита

    15.05.2026 во 12:03

    Македонија ја зафаќа силно невреме: УХМР со аларм за пороен дожд, силен ветер и град

    15.05.2026 во 11:51
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Младите во Гази Баба добија решенија за субвенции од 10.000 денари за возачки испит
    • РКЕ донесе строги правила за кибербезбедност: Енергетските компании имаат рок од 30 дена да назначат службеници за заштита
    • Македонија ја зафаќа силно невреме: УХМР со аларм за пороен дожд, силен ветер и град
    • Уапсен началникот на белградската полиција
    • Од 2027 година Jeep и Peugeot ќе се произведуваат во Кина
    • Тешка сообраќајка во Скопје: Автомобил удри во 13-годишен велосипедист, возачот лишен од слобода
    • СДСМ: ВМРО намерно ја плаши јавноста со „бугарска опасност“ за да ја блокира европската иднина на Македонија
    • Трамп го губи трпението: Иран мора да склучи договор
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Младите во Гази Баба добија решенија за субвенции од 10.000 денари за возачки испит

    Младите во Гази Баба добија решенија за субвенции од 10.000 денари за возачки испит

    15.05.2026 во 12:042 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Општина Гази Баба ги додели решенијата за финансиска поддршка на младите лица на возраст од 18 до 25 години кои успешно аплицираа на јавниот повик за субвенционирање на трошоците за полагање возачки испит. Секој од апликантите доби поддршка во висина од 10.000 денари.

    Оваа мерка за прв пат се имплементира на територијата на Општина Гази Баба, а градоначалникот Бобан Стефковски истакна дека истата произлегува од изборната програма.

    „Оваа мерка за прв пат се реализира во нашата општина и претставува дел од изборната програма и од заложбите кои ги ветивме пред граѓаните. Особено ми е драго што денес уште еднаш покажуваме дека кога ветуваме – работиме посветено за тоа ветеното да стане реалност“, напиша Стефковски на својот официјален профил.

    Според локалната самоуправа, целта на проектот е да се олесни процесот за стекнување со возачка дозвола, што се смета за важен чекор кон самостојноста на младата популација.

    „Полагањето на возачки испит претставува важен чекор за секој млад човек – поголема самостојност, полесен пристап до образование, работа и нови можности. Токму затоа, како локална самоуправа, решивме директно да помогнеме и да бидеме вистински партнер на младите“, појаснува градоначалникот.

    Тој додаде дека Општина Гази Баба во изминатиот период реализирала повеќе проекти за младите, а најави и нови мерки во областа на образованието, спортот и младинските политики во претстојниот период.

    Прочитај повеќе

    Дурмиши најави три нови мерки: Министерството за економија и труд обезбеди над 11 милиони денари за фирмите и занаетчиите

    15.05.2026 во 10:53

    Цената на нафтата продолжува да расте

    15.05.2026 во 10:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.