Close Menu
Press24
    Најново

    Николоски: Градиме бројни капитални проекти во Охрид

    11.07.2026 во 15:42

    Финализирани координациите за реализација на проектот Брз автобуски превоз

    11.07.2026 во 15:18

    Словенец од јарбол го симнал и запалил македонското знаме пред општина Прилеп

    11.07.2026 во 15:15
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Николоски: Градиме бројни капитални проекти во Охрид
    • Финализирани координациите за реализација на проектот Брз автобуски превоз
    • Словенец од јарбол го симнал и запалил македонското знаме пред општина Прилеп
    • Мицкоски: Опозицијата нека свика експерти и нека се усогласи за Изборниот законик, владината коалиција е веќе усогласена
    • СДСМ: Нов скандал на Тошковски, му избега притворен наркодилер од полициска станица во Кочани
    • МОН вложува 5,5 милиони евра во образовната инфраструктура во Охрид
    • Чаир го одбележа Денот на сеќавање на геноцидот во Сребреница
    • Сиљановска-Давкова им додели сертификати на учесниците на „Охрид камп за високо-технолошка извонредност“
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: Ислам Абази наместо да го гони и сузбива организираниот криминал и корупција, тој стана џелат на правдата

    ВМРО-ДПМНЕ: Ислам Абази наместо да го гони и сузбива организираниот криминал и корупција, тој стана џелат на правдата

    15.05.2026 во 09:283 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Ислам Абази како шеф на обвинителството за ГОКК, наместо да го гони и сузбива организираниот криминал и корупција, тој стана џелат на правдата, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

    „Затворањето на постапката за предметот „Мазут“ за кој постојат основани сомненија за сторен криминал тежок 167 милиони евра е скандал и доказ за активирање на послушниците на Али Ахмети, Зоран Заев и Венко Филипче за одбрана на криминалците од СДС и ДУИ.

    Влијанието на Заев, Филипче и Ахмети во правосудството е големо, особено кај поединци како Абази, и тоа најјасно може да се види од случаите како овој со мазутот и криминалот од 167 милиони, кога наместо правдата да се истера до крај и предметот да влезе во судска постапка, тој се затвора.

    Обвинителството кое го води комшијата на Ахмети, пред само една година побара притвор за 4 лица осомничени во овој случај, затоа што сметаше дека осомничените може да се дадат во бегство или да влијаат врз сведоци во постапката.

    И сега наеднаш, после година дена обвинителите од истото обвинителство под команда на Абази, одлучуваат дека немало основ и докази да продолжи постапката за овој случај, иако цела јавност виде дека станува збор за тежок криминал, перење пари и сомнежи за загадување на животната средина.

    Ваквата контрадикторност од страна на обвинителството кое го води Абази, кадар на ДУИ поставен во време на СДС, не може да биде базирана на правни или обвинителски аргументи, туку само на лукративно и политички основи.

    Затоа, прво го повикуваме Башким Бесими од Советот на јавни обвинители, кој меѓу другото е роднина на поранешниот министер за финансии од редовите на ДУИ, Фатмир Бесими, да каже зошто Советот на јавни обвинители треба да седи на страна, кога е евидентно дека имало влијание од страна на Ислам Абази во така наречениот случај „Мазут“.

    Исто така и обвинителката Катерина Коларевиќ да каже како утврдила дека нема никаква штета во случајот тежок 167 милиони евра, кога целата јавност виде и слушна за финансиска и еколошка штета, кога и самото ЕСМ поднесе жалба до повисоките судски инстанци.

    И на крај, кадарот на Ахмети, Заев и Филипче, Ислам Абази да одговори, до кога планира да испочарува за ова криминално трио и наместо спроведувач на правдата, да биде џелат на правдата.

    Македонското правосудство мора да се ослободи од ликови како Ислам Абази, за на нивно место дојдат професионалци со морален кредибилитет и интелектуален капацитет, за кои спроведувањето на правда е на прво место.

    Ислам Абази треба да си поднесе оставка, за повеќе да нема контроверзни одлуки кои ги ослободуваат од кривична одговорност криминалците од СДС и ДУИ и да почне да се враќа довербата во судството која сега е минорни 2%“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Опозицијата нека свика експерти и нека се усогласи за Изборниот законик, владината коалиција е веќе усогласена

    11.07.2026 во 15:06

    СДСМ: Нов скандал на Тошковски, му избега притворен наркодилер од полициска станица во Кочани

    11.07.2026 во 15:03
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.