Вчера во 18:05 часот во ОВР Кавадарци е пријавено дека на регионалниот пат Прилеп-Градско, товарно возило „сканија“ со приколка со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Р.Ј.(45) од Кавадарци, удрило во пешакот К.Ѓ.(89) од општина Росоман.
Од здобиените повреди на местото на настанот починал пешакот, а лекар констатирал смрт. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на Судска медицина на обдукција.
Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа на ОВР Кавадарци и по насоки на обвинителот, возачот Р.Ј. е лишен од слобода, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
- Божиновска: Министерството за енергетика покровител на Националниот средношколски натпревар за зелени иновации
- Тошковски: Законот важи за сите исто, МВР не постапува по етнички предзнак
- Стручната комисија утврди: нема лекарска грешка во лекувањето на родилката од Струмица
- Спасовски: 5,53 милиони евра за прославата – каде се одлуките, даноците и договорите за парите?
- Германија и Франција со спротивставени ставови за правилото „произведено во Европа“
- Андоновски: Дигиталната трансформација и финансиската иновација мора да се движат заедно
- Започна првата фаза од реконструкцијата на локалниот пат од мостот во Драчево до ОХИС
- Маж снимен како го краде бакшишот на вработените во Њам Њам Бокс Центар

