Close Menu
Press24
    Најново

    Трагедија во Кападокија: Три лица загинаа, а петмина се повредени по одрон на карпа

    29.10.2026 во 23:54

    Тројца приведени во Врапчиште: Полицијата пронајде марихуана и кокаин во такси возило

    29.10.2026 во 23:43

    Ѓорѓиевски по повод 100-годишнината на ЗОО Скопје: Започнавме значајни зафати за модернизација

    29.10.2026 во 23:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Трагедија во Кападокија: Три лица загинаа, а петмина се повредени по одрон на карпа
    • Тројца приведени во Врапчиште: Полицијата пронајде марихуана и кокаин во такси возило
    • Ѓорѓиевски по повод 100-годишнината на ЗОО Скопје: Започнавме значајни зафати за модернизација
    • Земјотрес ја погоди Србија
    • Купил возачка дозвола за 1.000 евра и тргнал на пат – Украинец уапсен на граница во Црна Гора
    • Дронови потопија брод кај бугарскиот брег, екипажот е спасен
    • Доаѓа Митровден – Што значи ако врне, а што ако сонце грее
    • Се урна хеликоптер во близина на Брчко, загинаа 4 лица, неколкумина се повредени
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: Филипче ја поддржува и бугарската позиција дека Македонија нема проблем со источниот сосед

    ВМРО-ДПМНЕ: Филипче ја поддржува и бугарската позиција дека Македонија нема проблем со источниот сосед

    12.05.2026 во 10:472 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Сервилноста и поданството на СДС и Венко Филипче кон туѓи држави и интереси, не е европска вредност. Сервилноста на СДС и Филипче е продолжение на антидржавната и предавничка политика која ја започна Заев и ја продолжи Ковачевски, само за да дојдат и ден повеќе да останат на власт, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

    „Знаејќи дека во Македонија граѓаните не го поддржуваат што се покажува и со рејтинг во рамки на статистичка грешка од само 4%, СДС и Венко Филипче се свртија на нивната добро позната тактика, да одработуваат за туѓи интереси, да ја кодошат државата и од опозиција да ветуваат отстапки во надеж дека некој ќе ги донесе на власт.

    Немајќи што да им понудат на граѓаните и сакајќи да се додворат, СДС и Филипче велат дека уставните измени се последниот чекор кон ЕУ, додека новиот бугарски премиер Радев, во секој негов настап е дециден дека по уставните измени, Бугарија ќе има и други барања.

    Исто така, Филипче ја поддржува и бугарската позиција дека Македонија нема проблем со источниот сосед туку дека барањата за промена на уставот се европски, кога и претставници на земји членки на ЕУ велат дека не треба евроинтеграцијата да се билатерализира.

    Само СДС, Венко Филипче и лојалистите на Заев кои лично ги постави во партиските структури веруваат дека уставните измени се последната пречка за Македонија и бараат нивно спроведување без никакви гаранции.

    Наместо да застанат на вистинската, македонската страна и да ја бранат државата, СДС и Филипче по стапките на Заев, да можат уште еднаш ќе го сменат името за да дојдат на власт и да крадат. 

    Тоа што Заев го започна, Филипче без никаков проблем сака да го заврши, само и само да дојде до фотелја.

    Со ваквите антидржавни политики, СДС, Заев и Филипче само му носат штета и ја блокираат државата, а од друга страна партијата ја водат кон исчезнување.

    СДС и Филипче да ја остават сервилноста и одработувањето за туѓи интереси. Со предавства и антидржавна политика не се доаѓа на власт, на власт се доаѓа со гласот на граѓаните и победа на избори“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

    Прочитај повеќе

    Андоновски: Во 2027 година се очекува поставување на камен-темелникот за Националниот дата центар

    29.10.2026 во 20:46

    Мицкоски: Сакам да сум првиот човек кој ќе ја уништи корупцијата

    29.10.2026 во 19:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.