Close Menu
Press24
    Најново

    (ВИДЕО) Конески: СДС ги избрка младите, ние им ја враќаме надежта

    11.05.2026 во 14:07

    Што му прави кафето на телото кога се пие на празен стомак?

    11.05.2026 во 13:46

    Грција ја презема иницијативата: Нова офанзива за влез на Западен Балкан во ЕУ

    11.05.2026 во 13:26
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • (ВИДЕО) Конески: СДС ги избрка младите, ние им ја враќаме надежта
    • Што му прави кафето на телото кога се пие на празен стомак?
    • Грција ја презема иницијативата: Нова офанзива за влез на Западен Балкан во ЕУ
    • ЛДП бара итно формирање на комисија за штети за замрзнатите овошки во Преспанскиот Регион
    • Министерот за култура: Никој нема да биде отпуштен од работа
    • Од полноќ големо поевтинување на дизелот – бензинот по иста цена
    • Рекорд во Швајцарија: Затворите пополнети скоро 100%
    • Божиновска од Белград: Не сме веќе набљудувачи на енергетските процеси, туку стабилен партнер во регионот
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » (ВИДЕО) Конески: СДС ги избрка младите, ние им ја враќаме надежта

    (ВИДЕО) Конески: СДС ги избрка младите, ние им ја враќаме надежта

    11.05.2026 во 14:072 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Последната прес-конференција на СДС е уште еден пример на неодговорна и деструктивна политика насочена кон ширење на апатија, безнадежност и чувство на безперспективност кај младите. Крајно неодговорно е партија која до пред две години беше дел од централната власт, денес да се обидува политички да профитира преку демотивирање на сопствената држава и сопствениот народ. Токму СДС и ДУИ се тие што седум години создаваа систем на партизација, корупција, понижувања и уништена доверба во институциите, поради што голем број млади ја изгубија вербата во иднина и беа принудени да ја напуштат државата, изјави на денешната прес-конференција Тодор Конески, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

    Со своите политики ги избркаа младите од Македонија, а денес наместо самокритика, се обидуваат дополнително да го засилат тоа чувство преку реторика на очај, страв и безнадежност. Наместо да понудат визија, тие градат политички наратив дека во Македонија нема иднина.

    Штетата што ја оставија зад себе е огромна и не може да се санира преку ноќ. Но, за разлика од нив, денес постои Влада која смета дека нејзина обврска е да врати надеж, оптимизам и чувство дека Македонија повторно да создава можности — особено за младите луѓе.

    Додека СДС шири паника, лажни вести и наративи на иселување, ние ги повикуваме младите да останат дома, да ја сакаат и да ја градат сопствената држава. Работиме да создадеме услови младите да студираат, живеат и напредуваат во современи студентски домови и современите кампуси, да добијат поддршка за сопствен бизнис, сопствен дом, грантови и можности за економска независност.

    Нашата цел е да создадеме генерација што ќе создава додадена вредност во општеството, ќе биде конкурентна, самостојна и горда на својата држава.

    Разликата е суштинска.

    Ние сакаме млади луѓе што ќе ја направат Македонија посилна, подостоинствена и поуспешна од било кога.

    СДС, пак, продолжува да произведува партиски послушници кои сервилно одработуваат по директиви на истата врхушка што ја доведе партијата до историски пораз и политичка маргинализација.

    Младите заслужуваат многу повеќе од страв, цинизам и политичка злоупотреба.

    Заслужуваат држава што ќе им даде причина да останат, дополни Конески.

    Прочитај повеќе

    ЛДП бара итно формирање на комисија за штети за замрзнатите овошки во Преспанскиот Регион

    11.05.2026 во 13:14

    Павловска: Ние уредуваме простори, СДС ги запостави

    11.05.2026 во 12:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.