Close Menu
Press24
    Најново

    Павловска: Ние уредуваме простори, СДС ги запостави

    11.05.2026 во 12:24

    „Брако“ и „Грин Машинс“ на светскиот саем ИФАТ во Минхен

    11.05.2026 во 12:21

    ГАЛЕРИЈА: Полни градилишта на автопатот до Охрид – рокот продолжен до крајот на 2029

    11.05.2026 во 12:17
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Павловска: Ние уредуваме простори, СДС ги запостави
    • „Брако“ и „Грин Машинс“ на светскиот саем ИФАТ во Минхен
    • ГАЛЕРИЈА: Полни градилишта на автопатот до Охрид – рокот продолжен до крајот на 2029
    • (ВИДЕО) Манасиевски: Филипче не’ кодоши на Бугарите
    • (ВИДЕО) Кузеска: Вметнувањето на малцинствата во Уставот го отвора патот кон ЕУ
    • Николоски: Претходната Влада не правела ништо – за 2 години се продолжува рокот за Бехтел и Енка да ги изградат патиштата
    • Го изгореа 20.000 евра – од Батинци дошол да фрла шут во Лисиче
    • Државниот врв на увид на Коридор 8: Автопатите се градат со добра динамика
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Павловска: Ние уредуваме простори, СДС ги запостави

    Павловска: Ние уредуваме простори, СДС ги запостави

    11.05.2026 во 12:243 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Со жалење констатираме дека СДС продолжува со истата стара практика – пласирање празни, неосновани и политички мотивирани обвинувања, без суштина и без каква било реална допирна точка со потребите на граѓаните на Општина Аеродром. Со последното соопштение за реконструкцијата на плочниците, СДС уште еднаш покажа дека нема ниту идеи, ниту визија, ниту доблест да признае дека во Општина Аеродром се работи како никогаш досега – домаќински, одговорно и во интерес на граѓаните, изјави на денешната прес-конференција претседателката на Советот на Општина Аеродром, Сузана Павловска.


    Иронијата е уште поголема кога токму СДС денес зборува за тротоари, плочници и јавни површини кои со години беа целосно запоставени, и тоа токму во нивно време. Денес, кога конечно се врши реконструкција и уредување на пешачките површини во Три Бисери, Ново Лисиче и Лисиче, тие нервозно се обидуваат да го претстават како проблем, наместо како решение што граѓаните со години го бараа.

    СДС манипулира со тврдења дека се менувале „здрави плочки“, свесно премолчувајќи дека реконструкциите се вршат врз основа на увид на терен, стручни проценки и реална потреба за поголема безбедност, функционалност и уреден изглед на јавните површини. Наместо да поздрават што конечно се инвестира во инфраструктурата, тие повторно избираат евтина политичка хистерија.

    Плочниците кои СДС ги посочува се објекти кои сè уште се во фаза на изведба и не се завршени, па навистина останува нејасно како успеале да „видат аномалии“ на локации каде што работите сè уште се во тек.

    Изведувачот е должен по завршувањето на работите, објектите да ги предаде на Општина Аеродром во целосно функционална, безбедна и уредна состојба, согласно сите стандарди и прописи.

    Кога ги слушаме овие празни обвинувања, добиваме впечаток дека претставниците на СДС како да не живееле во Аеродром и не ја паметат катастрофалната состојба во која со години беа оставени токму овие плочници и јавни површини. Денес, кога конечно се работи и се инвестира во нивна реконструкција, тие повторно се обидуваат политички да профитираат на сметка на проектите што граѓаните одамна ги бараа.

    Додека тие со години само ветуваа, а ништо не реализираа, денес во Аеродром се работи со полна пареа. Се градат и доградуваат училишта, детски градинки и спортски сали, се реконструираат повеќе километри улици, тротоари и јавни површини, а низ целата општина се реализираат капитални проекти.

    За разлика од времето на СДС, кога парите на граѓаните завршуваа којзнае каде, денес секој денар се вложува во конкретни проекти и видливи резултати. Јавноста за сè е навремено и транспарентно информирана, со сите детали и информации достапни за граѓаните.

    Очигледно СДС не може да се помири со фактот дека заврши времето на бескрупулозно испумпување пари од буџетот на Општина Аеродром, без отчетност и без резултати. Денес, место тендери за привилегирани структури и празни ветувања, граѓаните гледаат работа на терен, механизација, реконструкции и реализација на проекти.

    Наместо секојдневно да шират манипулации и да се обидуваат безуспешно да ја замајуваат јавноста, ги повикуваме конечно да бидат конструктивна опозиција и барем еднаш да застанат на страната на интересите на граѓаните, а не на страната на дневната политика. Во СДС се очајни во обидите за собирање политички поени, со надеж дека ќе успеат да го спречат сè поизвесното распаѓање на нивната партија.

    Општина Аеродром ќе продолжи силно, одговорно и посветено да работи за граѓаните и да реализира проекти што носат вистински промени во секое маало и за секој жител на Аеродром, додаде Павловска.

    Прочитај повеќе

    (ВИДЕО) Манасиевски: Филипче не’ кодоши на Бугарите

    11.05.2026 во 12:14

    (ВИДЕО) Кузеска: Вметнувањето на малцинствата во Уставот го отвора патот кон ЕУ

    11.05.2026 во 12:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.