Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СПМ: Нека ни е честит 9 Мај-Денот на победата над фашизмот

    СПМ: Нека ни е честит 9 Мај-Денот на победата над фашизмот

    09.05.2026 во 11:362 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    ,Денес, после 81 година, се потсетуваме на денот кога црвеното знаме на слободата се развеа над урнатините на тиранијата, означувајќи го триумфот на работништвото, прогресивните и слободарски сили и обединетите народи против смртта, робството, експлоатацијата и омразата. Ова не е само датум од историјата, туку симбол на победата на човекот над варварството и мракот, велат од СПМ.

    Со посебен пиетет, гордост и восхит се поклонуваме пред делото на нашите партизани и борци од Народноослободителната војска на Македонија. Тие не само што го победија бугарскиот фашистички окупатор, туку ја поведоа и социјалистичката револуција која го разбуди поробениот македонски народ. 

    Како што пееше големиот Кочо Рацин, повикувајќи го работниот народ да ја пресретне бурата и да ја изора земјата за ’радост и песна‘, така и нашите борци во НОБ со пушка и идеали ја донесоа пролетта на слободата.

    Преку крвта пролеана на боиштата од НОБ, македонскиот работник и селанец, организирани во Народниот Фронт, извојуваа право да бидат господари на својата судбина и да ја изградат својата слободна република. Нивниот труд и жртва денес се темелот на нашата социјална и национална слобода.

    На темелите на АСНОМ-ска Македонија, низ социјалистичката изградба, научивме дека слободата е вистинска само кога е придружена со социјална правда, еднаквост и взаемно почитување меѓу народите.

    Антифашизмот не е само минато, туку постојана борба против секоја форма на угнетување, национализам и неправда во денешното општество.

    Денес, кога се соочуваме со нови предизвици, нека ни биде пример непокорот на нашите револуционери. Да ги чуваме придобивките од борбата на македонските партизани од 33-те бригади, 8-те дивизии и 3-те корпуси и да не дозволиме да избледе споменот на оние кои паднаа за да изградат свет на еднакви.

    Во мигови кога тишината е најгласна и кога сеќавањата навираат, восхитени од нивната невидена пожртвуваност и смелост, длабоко се поклонуваме пред македонските паднати борци.

    Слава им!

    Смрт на фашизмот-слобода на народот!

    Честит 9 Мај!, стои во честитката на СПМ.

    Прочитај повеќе

    ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

    19.09.2026 во 15:10

    СДСМ до премиерот: Живееш во бајка

    19.09.2026 во 15:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.