Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Гаши на средба со Варнс: Собранието е ефикасно во усвојувањето на законите од Реформската агенда

    Гаши на средба со Варнс: Собранието е ефикасно во усвојувањето на законите од Реформската агенда

    08.05.2026 во 16:491 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска оствари работна средба со заменик-амбасадорката на САД, Никол Варнс. На средбата беше истакнато дека законодавниот дом дејствува ефикасно во насока на исполнување на Реформската агенда и зајакнување на партнерството со Соединетите Американски Држави.

    Гаши ја информирал Варнс за тековните ангажмани на Собранието поврзани со приоритетите за пристапување во Европската Унија. Тој нагласил дека фокусот останува на демократските стандарди и квалитетната дебата при донесувањето на новите законски решенија.

    Клучен дел од разговорот бил посветен на модернизацијата на институцијата преку дигитализација, што според соговорниците е предуслов за поголема транспарентност и безбедност. Исто така, станало збор и за улогата на парламентарната дипломатија.

    „Претседателот Гаши изрази искрена благодарност за континуираната американска поддршка, потврдувајќи уште еднаш колку е важно стратешкото партнерство со САД. Од своја страна, Варнс ги оцени неговите напори за градење мостови на разбирање меѓу политичките субјекти и различните заедници во земјата“, се вели во собраниското соопштение.

    Двете страни ја потврдиле својата посветеност за понатамошна соработка во насока на зајакнување на меритократијата и функционалноста на институциите, како темелни вредности за демократскиот развој на земјата.

    Прочитај повеќе

    ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

    19.09.2026 во 15:10

    СДСМ до премиерот: Живееш во бајка

    19.09.2026 во 15:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.