Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски го покани Радев во Скопје: Не гледам причина зошто да не разговараме

    Мицкоски го покани Радев во Скопје: Не гледам причина зошто да не разговараме

    08.05.2026 во 16:422 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Премиерот Христијан Мицкоски денеска упати отворена покана до бугарскиот колега Румен Радев да ја посети земјава. Одговарајќи на новинарски прашања по отворањето на „Спортските игри за млади“, Мицкоски истакна дека е подготвен за дијалог на премиерско ниво.

    „Не гледам причина зошто да не го поканам. Ако ова е поканата вака еве го поканувам“, изјави Мицкоски.

    Во однос на очекувањата од новата бугарска влада, премиерот нагласи дека не очекува подобрување на односите сè додека опозицијата дома, според него, работи против националните интереси.

    „Се додека има котиња од СДСМ, кои што коленичат и кои што ги распродаваат македонските национални интереси, не очекувам подобрување, наместо да застанат со нас и да се борат за македонските национални интереси, овие котиња одлучија за жолтици да коленичат таму“, истакна тој.

    Мицкоски додаде дека веќе му честитал на Радев за изборниот резултат и изрази надеж дека со новата влада во Софија ќе може да се разговара за суштинските теми.

    Премиерот се осврна и на заканите од Бујар Османи во врска со законот за правична застапеност, оценувајќи ги како разоткривање на вистинските намери, додека за цената на горивата најави добри вести за граѓаните.

    „Според она што гледа изминатите два до три дена, очекувам в понеделник да имаме поевтинување“, заклучи Мицкоски.

    Прочитај повеќе

    ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

    19.09.2026 во 15:10

    СДСМ до премиерот: Живееш во бајка

    19.09.2026 во 15:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.