Close Menu
Press24
    Најново

    Кој е газдата што го плаќа ова: Скопјанец земал по 190.000 евра плата месечно

    21.10.2026 во 11:38

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21

    Утре ќе нема струја до 14 часот – Најавени исклучувања во повеќе општини

    20.10.2026 во 11:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Македонската полиција им упаднала дома: Две лица веднаш приведени
    • Бремена жена се породи во воз во Холандија
    • Од спомени до хуманост: Генерации обединети за ООУ „Петар Поп Арсов“
    • ДЗС со тимови на терен: Потрага по исчезнато лице кај Вардар во гостиварско
    • Германија ги заострува критериумите за добивање дозвола за постојан престој и германско државјанство за доселениците
    • Трамп и Нетанјаху подготвуваат нова воена операција
    • Граѓаните ќе одлучуваат кои еколошки проблеми се приоритет за Центар
    • Акција на „Таск форс“ кај Ќафасан: Го фатиле со вреќа полна дрога
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ѓорѓиевски и Силјановска ги засукаа ракавите: Започна „Generalka Weekend“ – најмасовната еко-акција на Балканот

    Ѓорѓиевски и Силјановска ги засукаа ракавите: Започна „Generalka Weekend“ – најмасовната еко-акција на Балканот

    08.05.2026 во 10:411 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска го означи почетокот на големата еко-акција „GENERALKA WEEKEND“. Манифестацијата, која се смета за најмасовна на Балканот, годинава мобилизира десетици илјади волонтери од 80 општини и над 250 државни институции.

    На настанот присуствуваа претседателката Гордана Силјановска-Давкова, госпоѓа Рози Мицкоска, амбасадорот на Австрија Мартин Памер, министерот за животна средина Муамер Хоџа и заменичката Ане Лашкоска.

    „Денешниот настан е силна порака. Порака дека чистата животна средина е заедничка одговорност, дека секој од нас има улога во изгледот на својата улица, своето маало, својот град и својата држава“, истакна Ѓорѓиевски.

    Тој посочи дека акцијата се спроведува на 500 локации ширум Македонија. Градоначалникот нагласи дека хигиената во главниот град е приоритет и дека екипите работат во три смени за одржување на јавниот простор.

    „Колку и да работат институциите, градот не може да биде чист ако сите заедно не го чуваме. Затоа во наредните денови започнуваме и кампања за подигнување на јавната свест за одржување чиста животна средина“, порача тој, најавувајќи засилени инспекциски контроли на терен.

    Прочитај повеќе

    Од спомени до хуманост: Генерации обединети за ООУ „Петар Поп Арсов“

    22.10.2026 во 10:15

    Граѓаните ќе одлучуваат кои еколошки проблеми се приоритет за Центар

    22.10.2026 во 09:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.