Close Menu
Press24
    Најново

    Од полноќ нови цени на горивата – дизелот е поскап

    28.09.2026 во 09:30

    Регулаторна одлучи: Поскап бензин – значително поевтин дизел

    28.09.2026 во 14:21

    Најстудениот македонски град утрово: Само малку над нулата

    28.09.2026 во 09:27
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Гаши во Саудиска Арабија: Има значителни можности за продлабочување на соработката
    • Голема трагедија: Камионџија загина во тешка несреќа на патот Струмица – Радовиш
    • Велковски: Сакаме да говориме за сите политики што се однесуваат за младите
    • Ферати ги обединува институциите, клубовите и навивачите за поголема безбедност во спортот
    • СДСМ: Мицкоски намерно не изолира
    • Исени оствари средба со вршителот на должноста генерален конзул во Њујорк
    • Нови евро-банкноти доаѓаат: Проверете како ќе изгледаат и дали ќе треба да ги менувате старите пари
    • Драма во регионот: Направил сообраќајка па избегал, полицијата го пронајде со палка во раце
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Перински потпиша меморандуми за соработка со шест универзитети за поддршка на општините

    Перински потпиша меморандуми за соработка со шест универзитети за поддршка на општините

    06.05.2026 во 12:172 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, денеска потпиша Меморандуми за соработка со шест високообразовни институции, со што се воспоставува нова рамка за институционална соработка меѓу Министерството и академската заедница.

    Кон крајот на минатата година, Министерството потпиша Меморандум за соработка со Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, со чии професори и академски кадар веќе е воспоставена соработка.

    Меморандумите имаат за цел да ја поврзат академската експертиза и научно-истражувачкиот потенцијал со реалните потреби на општините, преку заедничко делување во областите што се од надлежност на општините.

    „Потпишувањето на Меморандумите за соработка поттикнуваат заедничко делување во областите што се во фокус на  Ресурсниот центар за поддршка на општините и претставуваат значаен чекор во насока на јакнење на капацитетите на општините“, изјави министерот Перински.

    Меморандуми за соработка беа потпишани со Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип, претставуван од ректорот проф. д-р Дејан Мираковски, Универзитет за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“, претставуван од проректорот проф. д-р Атанас Христов, Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола, претставуван од ректорот проф. д-р Игор Неделковски, Универзитет во Тетово, претставуван од ректорот проф. д-р Јусуф Зејнели, Универзитет „Мајка Тереза“ – Скопје, претставуван од ректорот проф. д-р Беким Фетаји и Универзитет на Југоисточна Европа во Тетово, претставуван од ректорот проф. д-р Садудин Ибраими.

    Преку оваа иницијатива ќе се поттикне експертска поддршка за општините, во насока на унапредување на локалниот развој и подобрување на услугите што ги добиваат граѓаните.

    Прочитај повеќе

    Гаши во Саудиска Арабија: Има значителни можности за продлабочување на соработката

    28.09.2026 во 18:15

    Голема трагедија: Камионџија загина во тешка несреќа на патот Струмица – Радовиш

    28.09.2026 во 18:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.