Close Menu
Press24
    Најново

    Димитријевиќ: Мицкоски бара избори поради страв од истрагите по падот на Орбан

    06.05.2026 во 11:50

    Подгответе ги чадорите: УХМР најавува пороен дожд, грмежи и засилен ветер

    06.05.2026 во 11:45

    СДСМ: Се навршуваат 35 години од смртта на Сашко Гешовски, политиките на поделби се опасност за државата

    06.05.2026 во 11:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Димитријевиќ: Мицкоски бара избори поради страв од истрагите по падот на Орбан
    • Подгответе ги чадорите: УХМР најавува пороен дожд, грмежи и засилен ветер
    • СДСМ: Се навршуваат 35 години од смртта на Сашко Гешовски, политиките на поделби се опасност за државата
    • МВР на SAHA Expo 2026: Потврдена стратешката соработка со турската полиција
    • Андоновски: Околу 120% раст на трансакции на платформата за интероперабилност
    • Венера носи неочекувани пресврти за пет знаци
    • Четири безживотни тела на пронајдени на самата граница меѓу Хрватска и Словенија: „Имаше повеќе од 30, наредени како сардини…“, пренесуваат медиумите
    • Добри вести: Цената на нафтата паѓа
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Димитријевиќ: Мицкоски бара избори поради страв од истрагите по падот на Орбан

    Димитријевиќ: Мицкоски бара избори поради страв од истрагите по падот на Орбан

    06.05.2026 во 11:502 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, на денешната прес-конференција обвини дека премиерот Христијан Мицкоски инсистира на предвремени избори поради страв од меѓународни истраги. Според него, со политичките промени кај нашиот северен сосед, почнува распадот на регионалната „криминална мрежа“.

    „Со падот на неговиот пријател Виктор Орбан, почнува распадот на криминалната мрежа што со години ја градеа во регионот. Во Унгарија веќе се најавуваат истраги кои ќе стигнат до Мицкоски и неговиот ‘голем брат’ Вучиќ“, изјави Димитријевиќ.

    Од СДСМ тврдат дека под лупа ќе бидат сите бизнис шеми, вклучувајќи ја медиумската мрежа на Орбан, тендерите и енергетските бизниси. Димитријевиќ нагласи дека кога ќе снема пари за тендери, „криминалната организација ВМРО веднаш ќе почне подготовки за избори“.

    На прес-конференцијата беше упатена критика и за економските резултати на Владата по две години власт. СДСМ обвинува за неисполнети ветувања околу платите, пензиите и Преспанскиот договор.

    „Реалноста граѓаните ја гледаат со празните фрижидери и празните џебови. Нема повисоки плати. Нема 600 евра минимална плата. Нема мерки за заштита на животниот стандард“, порача генералниот секретар на социјалдемократите.

    Тој додаде дека Мицкоски создал нов долг од 2,3 милијарди евра, додека инвестициите се намалени за 60%. Според Димитријевиќ, поради немањето резултати, власта се враќа на старата кампања за „предавници“ и создавање вештачки конфликти со Бугарија.

    „Лажниот патриотизам не полни фрижидери и паричници. Не носи повисоки плати, ниту подобар живот“, заклучи Димитријевиќ, најавувајќи дека СДСМ е подготвена да ја врати државата на „вистинскиот пат“.

    Прочитај повеќе

    СДСМ: Се навршуваат 35 години од смртта на Сашко Гешовски, политиките на поделби се опасност за државата

    06.05.2026 во 11:33

    ВЛЕН: Вечните „љубители на фотелји“ од ДУИ не знаат да живеат во опозиција

    06.05.2026 во 09:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.