Close Menu
Press24
    Најново

    ВМРО-ДПМНЕ: Го чекаа со црвен тепих а сега Филипче и СДСМ се обидуваат да се дистанцираат од Вучиќ

    29.10.2026 во 09:23

    Паркот во Градски ѕид доби нови содржини и 90 нови садници и дрвја

    29.10.2026 во 09:21

    Утрово голема акција: Претреси низ Македонија – под истрага приватни болници и екс директор на ФЗОМ

    29.10.2026 во 09:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ВМРО-ДПМНЕ: Го чекаа со црвен тепих а сега Филипче и СДСМ се обидуваат да се дистанцираат од Вучиќ
    • Паркот во Градски ѕид доби нови содржини и 90 нови садници и дрвја
    • Утрово голема акција: Претреси низ Македонија – под истрага приватни болници и екс директор на ФЗОМ
    • Мицкоски: Градиме посилна и современа држава, 535 нови возила за шест сектори
    • Мицкоски: „Државноста се гради со визија, одговорност и институции кои траат низ генерациите”
    • Имате проблем во зградата? – Кисела Вода отвори адреса за пријави од станарите
    • Драма во Скопје: Ја нападнале и ограбиле среде бел ден
    • Семејна драма во Македонија: Татко си го пријавил синот во полиција
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Календар на МПЦ: Утре се слават овие светители

    Календар на МПЦ: Утре се слават овие светители

    28.04.2026 во 23:213 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Светите маченички Агапија, Хионија и Ирина

    Родени сестри од околината на Аквилеја. Кога царот Диоклецијан се бавеше во Аквилеја, нареди да го погубат прочуениот духовник Хрисогон. Во тоа време еден стар свештеник Зоил имаше видение во коешто му се откри каде се наоѓа непогребаното тело на Хрисогон. Старецот побрза, го најде телото на маченикот, го положи во ковчег и го чуваше во својот дом. Триесеттиот ден по ова му се јави Св. Хрисогон и го извести за овие маченички дека ќе пострадаат во следните девет дена, а дека и самиот ќе се престави во тоа време. Вакво известување прими во видение и Анастасија Одврзителка, која беше тргнала по својот учител Хрисогон. И навистина, по девет дена се престави и старецот Зоил, а и оние три сестри беа изведени на суд пред царот. Царот ги советуваше светите девојки да им се поклонат на идолите, но тие го одбија и ја исповедаа својата тврда вера во Христа. Света Ирина му рече на царот дека е глупаво човек да им се поклонува на предмети изработени од дрво или камен, нарачани за спогодена цена, направени од раце на смртен човек. Царот се разјари и ги фрли во затвор. Кога царот тргна за Македонија, со него ги поведоа сите негови робови и заробеници, меѓу кои и овие три светителки. Царот им ги даде на еден војвода Дулкитиј за мачење. Војводата се распали со мрачна страст и сакаше да ги оскверни девиците, но кога сакаше да влезе кај нив во затворот во времето кога беа на молитва пред Бога, тој полуде и почна да ги прегрнува и бакнува некои црни котли и лончиња што се најдоа таму и така си отиде сиот поцрнет. Кога слушна за ова, царот му нареди на еден друг војвода, Сисиниј, да го преземе судењето на трите христијанки. По тешки мачења судијата ги осуди првите две сестри на смрт во оган, а Света Ирина ја задржа уште некое време кај себе надевајќи се дека ќе може да ја оскверни. Но кога ја испрати со војници во блудилиштето, Божјите ангели ја спасија чистотата на девицата, војниците ги вратија, а нејзе ја изведоа на еден рид. Утредента војводата излезе со војниците на оној рид, но не можеа да се качат, па им нареди на војниците да ја убијат со стрели. Света Анастасија ги собра телата на едно место и чесно ги погреба. Пострадаа за Христа околу 304 година.

    Тропар
    Девственички свети маченички, поучени за воскресение во живот вечен од истоименитоста со благодат преисполнета – светата Анастасија, заштитени со молитвите на Христовиот пастир, темнината ја посрамивте со светлина од Христа подарена, молете се за нас на Пресвета Троица, о вие три сестри, од Небесната висина.

    Светиот маченик Леонид и маченичките Хариеса, Никија, Галина, Калида, Нунехија, Василиса и Теодора

    Ги фрлија в море, но морето не ги прими. Тие одеа по морето како по суво и Му пееја на Бога. Кога ги видоа незнабожците најпрво се восхитија, но потоа им врзаа камења на вратот и повторно ги фрлија во морските длабочини. Сите пострадаа за Христа во 281 година.

    Тропар
    Се радува, денес, Пелопонез, воскликнува земјата цела која Бога Го прославува, закрепнува од молитвите Леонидови, кога заедно со Хариеса, Никија, Калида, Нунехија, Басилица и Теодора, Христос ги сочува, Кому нова песна Mу пееја, закитена и посведочена oд мачеништвото нивно, по чии молитви, Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј н?.

    Прочитај повеќе

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж

    28.10.2026 во 22:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.