Close Menu
Press24
    Најново

    Испразнете ги базентите, август и септември се пикот на западнонилската треска, посочи Клековски

    17.08.2026 во 16:35

    Нови седум осомничени за транспорт на марихуана од Македонија во Србија

    17.08.2026 во 17:56

    Властите ги мобилизираат сите капацитети против западнонилската треска: Воведени вонредни контроли и СМС-препораки

    17.08.2026 во 14:12
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ЦУК: Активни седум пожари, два под контрола и 13 изгаснати
    • Трамп со нова закана: „Ако Оман ни се испречи на патот, ќе го разнесеме“
    • Напишани 63 казни за пијани возачи
    • Воен авион принудно слета на автопат во Франција и се запали, двајца повредени
    • Утре почнуваат уписите на студенти на државните универзитети
    • Нови седум осомничени за транспорт на марихуана од Македонија во Србија
    • Работна средба со претставници на Проектот на Европската Унија за владеење на правото
    • Започна порибувањето на Охридското Езеро со охридска пастрмка
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Општина Центар вработува практиканти: Отворени врати за студенти со месечен надоместок од 15.000 денари

    Општина Центар вработува практиканти: Отворени врати за студенти со месечен надоместок од 15.000 денари

    27.04.2026 во 11:251 Min Read
    ФОТО: Press24 архива
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Општина Центар објави јавен повик за практикантство, со кој на студентите и апсолвентите им се овозможува да стекнат практично искуство во работата на општинската администрација.

    „Ова е можност студентите да се запознаат со работата на администрацијата и да го започнат својот кариерен пат. Нашите врати се отворени за младите, за нова енергија и свежи идеи,“ порача градоначалникот Горан Герасимовски.

    Со повикот се опфатени студенти и/или апсолвенти од државни, меѓународни и приватни факултети, жители на Општина Центар .

    Практикантите за времетраењето на ангажманот ќе добиваат месечен надоместок од 15.000 денари.

    Практикантството ќе се реализира во различни сектори, во зависност од потребите на општинската администрација.

    Заинтересираните кандидати треба да достават барање за практикантство, доказ дека се студенти или апсолвенти, копија од лична карта, број на трансакциска сметка и кратка биографија.

    Документите се поднесуваат во архивата на Општина Центар, барака број 6, секој работен ден од 09:00 до 15:00 часот.

    Согласно Законот за практикантство, Општина Центар ќе ангажира најмногу 8 практиканти, а практикантството може да трае најмногу шест месеци и е еднократно право. Повеќе на линкот: https://www.centar.gov.mk/medija/soopshtenija-javen-povik/260427-javen-povik-za-praktikantstvo-vo-opshtina-centar-skopje

    Прочитај повеќе

    (ВИДЕО) Ѓорѓиевски: По две децении Серава добива нов лик, изградена пешачка патека од 1,5 километри

    17.08.2026 во 14:45

    Герасимовски: И оваа година бесплатни униформи за сите ученици од прво до деветто одделение

    17.08.2026 во 10:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.