Close Menu
Press24
    Најново

    Од полноќ нови цени на горивата – дизелот е поскап

    28.09.2026 во 09:30

    Се ближат продолжени викенди – Ова се неработните денови до крај на 2026

    25.09.2026 во 09:51

    Најстудениот македонски град утрово: Само малку над нулата

    28.09.2026 во 09:27
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Добри вести: Расте извозот на нафта од Блискиот Исток иако се уште сме далеку од нормализација
    • „Мајката“ на Оземпик е Македонка и денеска ќе предава во МАНУ
    • Се подготвуваат нови евро банкноти – дали треба да ги смените старите?
    • Малолетник прегазен во скопски Чаир
    • Гаши во Саудиска Арабија
    • Истече мерката на Владата за поевтин дизел – ако не ја продолжат поскапувањето ќе биде големо
    • Вештачката интелигенција цица струја
    • Вучиќ си замина – до кога?
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Туристичката комора при ССКМ бара Грција да го одложи ЕЕС системот во шпицот на сезоната

    Туристичката комора при ССКМ бара Грција да го одложи ЕЕС системот во шпицот на сезоната

    23.04.2026 во 11:141 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Туристичката комора при Сојузот на стопански комори на Македонија (ССКМ) испрати официјално барање до Министерството за туризам на Грција, со кое се бара привремено одложување на примената на новиот систем за влез и излез (ЕЕС) на граничните премини за македонските државјани. Од Комората бараат системот да не се применува во периодот од 1 јуни до 1 септември 2026 година.

    Барањето е резултат на реакциите од туристичкиот сектор, каде се предупредува дека имплементацијата на дигиталната регистрација во ек на летната сезона може да предизвика повеќечасовни задржувања на границите. Ова, според експертите, би имало негативни последици за туристичкото искуство, но и ризик од откажување на веќе резервираните аранжмани.

    „Грција е традиционално најзначајна туристичка дестинација за граѓаните на Македонија, а непречениот проток на патници е од суштинско значење за одржување на стабилноста и развојот на туристичката индустрија. Затоа, бараме разбирање и разгледување на можноста за временско одложување на имплементацијата на системот во текот на најфреквентниот период“, се наведува во соопштението од Туристичката комора.

    Од таму додаваат дека иницијативата има за цел зачувување на економската соработка. Новиот систем ЕЕС, кој стапи на сила на 10 април, предвидува дигитална регистрација со фотографирање и земање отпечаток од прст, што веќе предизвика застои на граничниот премин „Богородица“.

    Прочитај повеќе

    „Мајката“ на Оземпик е Македонка и денеска ќе предава во МАНУ

    28.09.2026 во 10:02

    Малолетник прегазен во скопски Чаир

    28.09.2026 во 09:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.