Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Доаѓа силен Ел Нињо – какво време нè очекува во текот на зимата

    18.09.2026 во 23:32

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ФОТО+ВИДЕО: Донатори на ВМРО-ДПМНЕ стојат зад концесијата за рудникот во Крива Паланка

    ФОТО+ВИДЕО: Донатори на ВМРО-ДПМНЕ стојат зад концесијата за рудникот во Крива Паланка

    23.04.2026 во 11:091 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    СДСМ денеска преку прес-конференција на портпаролката Богданка Кузеска изнесе нови тврдења во врска со рудникот за антимон во Крива Паланка. Од партијата тврдат дека зад концесијата за локалитетот „Луке“ стојат донатори на владејачката партија, отфрлајќи ги владините најави дека се работи за стратешки интерес.

    Според СДСМ, официјалните податоци од Министерството за енергетика укажуваат дека концесионер на локалитетот е компанијата „РИ Енергетика Пела ДОО Скопје“. Од партијата посочуваат дека сопственик на оваа фирма е Ѓорѓе Качурков, за кого тврдат дека е донатор на ВМРО-ДПМНЕ.

    Кузеска во своето обраќање го спомена и потпишувањето на договорот во Вашингтон, поврзувајќи го со претходни концесии.

    „Договорот во Вашингтон го потпиша Ник Јовановски од австралиската „Пела глобал лимитед“. Истиот тој Николче Јовановски кој уште во 2015 година, како застапник на фирмата на донаторот на ВМРО-ДПМНЕ, го потпишал договорот за концесија за локалитетот Луке“, изјави Кузеска.

    Од СДСМ порачуваат дека овој случај е „класична партиска концесија“ и најавуваат дека здравјето на граѓаните мора да биде приоритет. Поради ова, партијата побара одржување референдум во Крива Паланка, каде што граѓаните директно би се изјасниле за проектот.

    Прочитај повеќе

    ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

    19.09.2026 во 15:10

    СДСМ до премиерот: Живееш во бајка

    19.09.2026 во 15:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.