Close Menu
Press24
    Најново

    Новини за пензионерите: Алиу најави продолжување на работниот век за специјалистите и бесплатно лекување за најранливите

    22.04.2026 во 13:00

    Возачи внимавајте: Старата прва помош веќе не важи во регионот, задолжително набавете нов сет

    22.04.2026 во 09:46

    Затвореник од Прилеп дал 890.000 денари за намалување на казната, па сфатил дека е измамен

    22.04.2026 во 13:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Димитров од Делфи до Бугарија: Колку и да мислите дека ви е добра стратегијата – не е лошо да си ги погледнете резултатите
    • Хоџа во Виена: Австриските искуства како модел за македонските реформи во животната средина
    • Напад во Ормуз: Грчки брод цел на Иранската револуционерна гарда, министерот Герапетритис со итно предупредување
    • Средба на министерот Муцунски со министерката за Европа, интеграција и семејство на Австрија, Клаудија Бауер
    • МВР со важно соопштение до граѓаните: Не ги носете потврдите од платените казни од системот „Безбеден град“ во полициска станица
    • ФОТО+ВИДЕО: Тошковски на полициска вежба во Идризово: Се гради професионален кадар подготвен за секој предизвик
    • Сообраќајна „чистка“ во Скопје, Куманово, Штип и Струмица: Седнале зад волан без дозвола, па завршија во полициска станица
    • Млад скопјанец заврши зад решетки – во себе носел кокаин
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Димитров од Делфи до Бугарија: Колку и да мислите дека ви е добра стратегијата – не е лошо да си ги погледнете резултатите

    Димитров од Делфи до Бугарија: Колку и да мислите дека ви е добра стратегијата – не е лошо да си ги погледнете резултатите

    22.04.2026 во 17:184 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    На бугарска провокација од публика дека Македонија сега нема друг избор освен да си го “голтне” компромисот од 2022, Димитров одговори: “Нема компромис, има пакет којшто не донесе решение. Прашањето не е вистински решено. Бугарија на сите анкети кај нас е најголем непријател. Дали навистина тоа го сакате? Знаете што рекол Черчил – колку и да мислите дека ви е добра стратегијата, не е лошо одвреме – навреме да си ги погледнете резултатите. А резултатите од вашата стратегија се тажни – најлоши односи меѓу двете земји што некогаш сме ги имале”

    “Ние мораме да ѝ помогнеме на Северна Македонија, не смееме да бидеме само набљудувачи, Грција треба да се вклучи како медијатор во надминување на проблемот со Бугарија” порача денеска на Делфи форумот истакнатата грчка интелектуалка и професорка, деканка на Факултетот за меѓународни студии, комуникација и култура на Универзитетот Пантеон во Атина, Марилена Копа, која ја критикуваше грчката влада дека не прави доволно за да ѝ помогне на Северна Македонија на европскиот пат: Овој говор на Копа, во кој таа потенцираше дека грчката политика има интерес активно да ја поддржи Северна Македонија го разлути бугарскиот претставник во публиката па тој реагираше дека немало што Грција да се меша и да помага, оти прашањето е затворено и сега Северна Македонија морала да си испорача и да го почитува компромисот.

    На тоа следуваше реакција од претседателот на “Солуција” Никола Димитров: “Нема компромис, има пакет којшто не донесе решение. Компромис е решение кое двете земји ќе ги направи несреќни, кога едната страна е еуфорична и слави тоа не е компромис. Овде компромис нема. Прашањето не е решено. Бугарија на сите анкети кај нас е најголем непријател. Дали навистина тоа го сакате? Знаете што рекол Черчил – колку и да мислите дека ви е добра стратегијата, не е лошо одвреме – навреме да си ги погледнете резултатите. А резултатите од вашата стратегија се тажни – најлоши односи меѓу двете земји што некогаш сме ги имале”.

    Димитров на панелот посветен на прашањето дали Европа може да испорача безбедност во своето источно соседство зборуваше дека ние сме земја ветеран кандидатка за членство и дека во нашиот пример најдобро се гледа како процесот на проширување не функционира:

    “Има сериозна дупка со кредибилитетот во процесот. Ние сме земја кандидат од 2005, а денес не сме поблиску од што сме биле тогаш. Процесот е маргинализиран после влезот на Хрватска, а сега е вратен на дневен ред поради Украина, оти е дел од безбедносниот контекст. Очигледно е дека на Европа ѝ треба Украина за безбедноста, Украина исто така разви и воени капацитети во последниве години што ѝ требаат на Европа и многу е важно да се испорача европската иднина на Украина и Молдавија.

    Но, дали тоа ќе се случи е прашање. Очекувања има, ама тоа не е доволно. Ние можеме да го искористиме нивниот ентузијазам, а тие треба да го искористат нашето искуство во менаџирање на очекувањата”.

    Димитров се осврна и на глобалните проблеми со општата несигурност во светот денес и сите геополитички и безбедносни превирања и предизвици: “Зборуваме тука во сала што се вика Дафне, Дафне од митологијата може многу да нѐ научи за преобразба. Точно тоа ни треба во светот денес – трансформација кон вистинските вредности”.

    Покрај Копа и Димитров, на овој панел беа и Павел Ходорковски, претседател на Ходорковски фондацијата, Карлота Гарсија Енцина од шпанскиот институт Енкано, Метју Бојс од Хадсон институтот од Вашингтон, а беше модериран од Збигниев Писарски од Варшавскиот безбедносен форум.

    Димитров во петок има уште еден настап на панел дискусија посветена токму на проширувањето на ЕУ. Форумот во Делфи е една од најголемите меѓународни конференции на континентот со повеќе од 3000 учесници од светот на политиката, бизнисот академијата и медиумите.

    Популарно

    Новини за пензионерите: Алиу најави продолжување на работниот век за специјалистите и бесплатно лекување за најранливите

    22.04.2026 во 13:00

    Возачи внимавајте: Старата прва помош веќе не важи во регионот, задолжително набавете нов сет

    22.04.2026 во 09:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.