Close Menu
Press24
    Најново

    Идниот месец се менува целиот систем на плаќање во банките – еве што треба да знаете

    19.10.2026 во 11:24

    Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени

    19.10.2026 во 22:34

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Македонскиот јазик и култура се негуваат меѓу младите во Хрватска преку проект во Пула
    • Американски „Quartz“ ја објави листата за 2026 година: Сараево е најдобра дестинација на Балканот
    • Герасимовски: Барутана нема да оди на гласање без дополнителни анализи за безбедноста
    • Трамп демантира ескалација: САД нема да го нападнат Иран пред изборите
    • Герасимовски: ВМРО покажа дека не знае да ја води државата, незадоволството на граѓаните расте
    • Хали Бери на суд поради наводно злоставување, синот сведочеше речиси четири часа
    • Трајно решение за професионалните војници по 45 години – ќе можат да продолжат со работа како цивилни лица
    • НАТО ќе го засили надзорот во Црното Море
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » „Се одјави нашата кралица“ – Синовите на Гордана Дувњак скршени од тага

    „Се одјави нашата кралица“ – Синовите на Гордана Дувњак скршени од тага

    21.04.2026 во 11:462 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Македонската јавност и новинарската фела се во тага. Напушти уште еден голем професионалец и човек со висок морален интегритет – Гордана Дувњак. Веста за нејзиното заминување со скршено срце ја сподели и нејзиниот син, Мартин Дувњак, преку емотивна порака на социјалните мрежи.

    „Се одјави нашата мајка, жена, кралица Гордана Дувњак.

    Жена која што не ја сакаше и почитуваше само тој што ја немаше запознаено.

    Жена борец, мајка каква што секое дете само би можел да посака и да сонува да има. Најдобрата на светот!

    Врвен професионалец и новинар кој беше пример за чесност, љубов кон професијата, искреност, владеење на материјата и став.

    Мајка која што често знаеше да каже дека близнаците Мартин и Стефан и се најголемото богатство во животот и најголемата гордост и успех во животот.

    За нас Гоцика златна ти беше и мајка и татко, со оглед дека тато го загубивме многу млади. Толку многу љубов, поддршка и жртва даде за нас да изведеш луѓе на животниот пат што никогаш нема да ти го заборавиме.

    Секогаш ќе те паметиме како најдобрата и најпосветена мајка, борец и жена лавица која гордо се соочуваше и се носеше со секој предизвик и потешкотија во животот.

    За жал, животот воопшто не искочи фер со таква прекраснотија и убавина од човек каква што секогаш ќе те паметиме и со полно срце, љубов и гордост ќе те спомнуваме.

    Те сакаме и секогаш ќе те сакаме “наш липи анџеле”.

    Наздравете со тато горе повторно заедно со по една жолта и чувајте не со Стефан и нашите најблиски.

    Ние секогаш ќе ве спомнуваме и ќе се сеќаваме на вас со гордост какви прекрасни родители имавме.

    Фамилија музичари, полни со љубов, поддршка и разбирање.

    Погребот ќе се одржи утре, во 11 часот во капелата во Бутел, а во 12 часот погребот е закажан на гробиштата на Бутел“, напиша синот Мартин Дувњак.

    Прочитај повеќе

    Македонскиот јазик и култура се негуваат меѓу младите во Хрватска преку проект во Пула

    20.10.2026 во 22:34

    Герасимовски: Барутана нема да оди на гласање без дополнителни анализи за безбедноста

    20.10.2026 во 22:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.