Вчера во 13:45 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Ќ.Б.(26) од Тетово, постапувајќи по претходна пријава дека во домот агресивно се однесувал кон неговата 59-годишна мајка. При лишувањето во неговиот дом била пронајдена и одземена една тегла со марихуана, информираа од СВР Тетово.
Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

