Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • 28-годишник претепал свој сограѓанин, го удирал и со метален предмет – заврши во полиција
    • Петрушевски: Филипче рече дека Македонија не е на продажба, откако со Заев ја распродадоа за стан, зграда и златна виза за Дубаи
    • Хаџиевска: Герасимовски и СДС се неспособни да се справат со наездата на глодари, а камоли да ја водат општина Центар
    • Мицкоски ја бара ЕУ на масата со Софија
    • Филипче: Земјоделците се оставени сами – откупните цени се понижувачки
    • Мицкоски: Преку Македонија, Александрополи ќе се поврзе со Европа
    • „Џемини“ на Гугл хакирал три компании за време на тест за кибер безбедност
    • Илхан Ќучук: Потребна е јасна политичка посветеност на ЕУ кон Балканот
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Владата ги остави граѓаните без мерки и пред Велигден

    СДСМ: Владата ги остави граѓаните без мерки и пред Велигден

    11.04.2026 во 11:342 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Владата предводена од Христијан Мицкоски не презеде мерки за заштита на стандардот на граѓаните и ги остави граѓаните да се борат со скапотијата секој ден. Ниту пред Велигден владата на Мицкоски не презеде никакви мерки што е директен удар врз семејниот буџет, oбвинуваат утрово од СДСМ.

    Мицкоски ги остави граѓаните сами да се снаоѓаат токму во период кога трошоците се најголеми – пред Велигден. Додека семејствата се борат да обезбедат основни производи, Владата најавува мерки „по празниците“, чека анализи и извештаи.

    СДСМ со недели предупредуваше и нудеше конкретни решенија – намалување на цените на горивата и храната, но Владата одлучи да ги игнорира. Денеска, граѓаните ја плаќаат цената на таа неодговорност.

    Реалноста на терен е поразителна. Велигденската трпеза е поскапа од кога било. Пазарите се полни, но торбите на граѓаните остануваат полупразни. Се купува минимално, „колку за проба“, а дел од граѓаните само разгледуваат без да можат да си дозволат.

    Јагнешкото месо достигнува и до 700 денари за килограм, поскапеа јајцата и зејтинот, а цените на доматите надминуваат 200 денари за килограм. Поскапувањата се речиси кај сите производи, со најголем раст кај овошјето и зеленчукот.

    Ова е резултат на задоцнети, недоволни и погрешни економски политики затоа што Мицкоски го штити бизнисот и профитот наместо стандардот на народот. Власта нема чувство за реалноста, ниту за потребите на граѓаните, велат од СДСМ.

    Прочитај повеќе

    Петрушевски: Филипче рече дека Македонија не е на продажба, откако со Заев ја распродадоа за стан, зграда и златна виза за Дубаи

    19.09.2026 во 12:31

    Хаџиевска: Герасимовски и СДС се неспособни да се справат со наездата на глодари, а камоли да ја водат општина Центар

    19.09.2026 во 12:28
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.