Close Menu
Press24
    Најново

    Цената на нафтата поскапе по новите закани на Трамп кон Иран

    06.04.2026 во 10:50

    „Пелистер“ под засилен надзор: Поставени 40 камери низ Националниот парк

    06.04.2026 во 10:43

    (ВИДЕО) Трипуновски до Филипче: Не глумете лажна загриженост, СДС седум години ги понижуваше земјоделците

    06.04.2026 во 10:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Цената на нафтата поскапе по новите закани на Трамп кон Иран
    • „Пелистер“ под засилен надзор: Поставени 40 камери низ Националниот парк
    • (ВИДЕО) Трипуновски до Филипче: Не глумете лажна загриженост, СДС седум години ги понижуваше земјоделците
    • Македонската музичка естрада е завиена во црно: На 48-годишна возраст почина познатиот македонски музичар
    • Историски момент: Астронаутите на „Артемис 2“ влегоа во гравитационата сфера на Месечината
    • СДСМ: Земјоделците се оставени на раб на егзистенција, Владата скрати 40 милиони евра субвенции
    • Скопјани пијат безбедна вода: Извршени 366 анализи на 39 мерни места
    • ВМРО-ДПМНЕ: Го спречивме обидот на СДС и ДУИ за изградба на „бетонска џунгла“ во Тетово
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Цената на нафтата поскапе по новите закани на Трамп кон Иран

    Цената на нафтата поскапе по новите закани на Трамп кон Иран

    06.04.2026 во 10:501 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Цените на нафтата на светските берзи забележаа остар пораст на почетокот на неделава, како директна последица на новите закани за воена акција упатени од американскиот претседател Доналд Трамп кон Иран. Стравувањата од сериозно нарушување на глобалното снабдување ја кренаа цената на нафтата „Брент“ за испорака во јуни на над 111 долари за барел, што е за речиси 40 долари повеќе од периодот пред ескалацијата.

    Трамп му постави ултиматум на Техеран, барајќи исполнување на американските услови најдоцна до вторник во 20:00 часот по американско време (02:00 часот во среда по средноевропско време).

    „Доколку нема реакција, Иран би можел да се соочи со уништување на клучна инфраструктура, вклучително електроцентрали и мостови“, предупреди Трамп во изјава за медиумите и преку својот профил на „Truth Social“.

    Земјите од групата ОПЕК плус изразија длабока загриженост поради можните напади врз енергетската инфраструктура, нагласувајќи дека обновата на евентуалните оштетувања ќе биде исклучително скапа и долготрајна. Оттаму додаваат дека е од „критична важност“ да се обезбеди безбедноста на меѓународните поморски рути, особено во Ормускиот теснец.

    Како обид за смирување на пазарот, дел од земјите-членки како Саудиска Арабија, Кувајт и Обединетите Арапски Емирати најавија умерено зголемување на производството за околу 206 илјади барели дневно во текот на месец мај.

    Популарно

    Цената на нафтата поскапе по новите закани на Трамп кон Иран

    06.04.2026 во 10:50

    „Пелистер“ под засилен надзор: Поставени 40 камери низ Националниот парк

    06.04.2026 во 10:43

    (ВИДЕО) Трипуновски до Филипче: Не глумете лажна загриженост, СДС седум години ги понижуваше земјоделците

    06.04.2026 во 10:37

    Македонската музичка естрада е завиена во црно: На 48-годишна возраст почина познатиот македонски музичар

    06.04.2026 во 10:28
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.