Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Нови детали за смртта на Марија: Го завиткал телото во ќебе и го однел во пештера
    • Полска ја зајакнува одбраната: Системи „Патриот“ се упатуваат кон границата со Украина, се формираат нови воени единици
    • Обвинет вработен во познат синџир на супермаркети: Направил штета од 26.000 евра давајќи попуст на купувачи
    • Пратил пушка по брза пошта, таа испукала од пакетот и го повредила поштарот – Бизарен случај во Требиње
    • СДСМ: Груби излегува, што ќе каже сега арамијата-пак СДСМ се криви?
    • По една деценија застој: Владата обезбеди 470 милиони денари за завршување на затворениот базен во Охрид
    • ВМРО-ДПМНЕ за случајот со Државна лотарија: Јавноста треба да ги знае сите детали за трошењето државни пари
    • Ѓорѓиевски на средба со делегација од Советот на Европа: Фокус на децентрализацијата и финансиското јакнење на општините
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Илхан Ќучук: Потребна е јасна политичка посветеност на ЕУ кон Балканот

    Илхан Ќучук: Потребна е јасна политичка посветеност на ЕУ кон Балканот

    19.09.2026 во 11:052 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Петтото издание на форумот „EU Meets the Balkans“ вчера во Софија собра претставници на европските институции, политичари, експерти и претставници на граѓанското општество, кои разговараа за иднината на Балканот и перспективите на регионот во рамките на Европската Унија.

    Меѓу водечките теми на дискусиите беа геополитичките предизвици со кои се соочува Европа, иднината на европската интеграција, потребата од појасна политичка посветеност кон Балканот, како и начините на кои регионот може да го претвори својот потенцијал во двигател на европската иднина.

    „Треба да ја пронајдеме формулата и со политичката храброст и амбиција со кои Бугарија и Романија влегоа во Европската Унија, да продолжиме со обединувањето на Европа“, изјави бугарскиот европратеник од „Renew Europe“ и поранешен специјален известувач на Европскиот парламент за Македонија, Илхан Ќучук, на отворањето на форумот.

    Според него, внатрешната реформа на Европската Унија е неопходна, но таа не треба да биде на штета на очекувањата на европските граѓани на Балканот. Во контекст на променливото геополитичко опкружување, посочи Ќучук, Европа треба да има јасна визија за улогата и иднината на регионот.

    „Не станува збор само за технички критериуми, правила и процедури, туку за јасна политичка посветеност на Европската Унија кон Балканот. Геополитичките предизвици го наметнуваат тоа повеќе од кога било досега“, додаде европратеникот.

    Тој истакна дека вреди да се стремиме кон идејата граѓаните на Балканот да живеат достоинствено, со разбирање дека не му припаѓаат само на минатото и на тешките историски прашања, туку дека можат обединети да гледаат кон иднината.

    Од Македонија на форумот присуствуваше и претседателката на ЛДП, Моника Зајкова, која порача дека по повеќе од две децении ветувања, време е европската перспектива да стане реалност.

    „Балканот има енергија, талент и амбиција да биде еден од најдинамичните региони во Европа. Да ја споиме таа балканска енергија со европски правила, функционални институции и кредибилно исполнување на преземените обврски. Тогаш на нашите граѓани нема да мораме уште еднаш да им кажуваме дека Европа е нивната иднина – тие конечно ќе можат да ја видат Европа во својата сегашност. Македонските граѓани не се уморни од реформите, туку од реформите без резултати, новите услови и политиката на блокади. Успешна европска Македонија е во интерес и на Бугарија и на Европа“, истакна Зајкова.

    Форумот, организиран од Европскиот либерален форум (ELF), во соработка со партијата АЛДЕ и Атлантскиот клуб во Бугарија, петта година по ред го поставува прашањето за местото на Балканот во процесот на обединување на Европа во центарот на европската агенда.

    Прочитај повеќе

    СДСМ: Груби излегува, што ќе каже сега арамијата-пак СДСМ се криви?

    06.10.2026 во 17:45

    ВМРО-ДПМНЕ за случајот со Државна лотарија: Јавноста треба да ги знае сите детали за трошењето државни пари

    06.10.2026 во 17:16
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.