Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Нов удар за пушачите: Цигарите би можеле да скокнат на 16 евра кутија

    17.09.2026 во 16:33

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Фатална грешка со вештачка интелигенција: Инцидент со товарен брод за малку ќе предизвикаше војна меѓу САД и Кина
    • Викенд хороскоп: Ѕвездите носат неочекувани страсти и пресврти
    • Трамп ги исфрла медиумите од Белата куќа
    • Целата земја остана без струја – колапс во електроенергетската мрежа
    • Путин напиша 3+2 на состанокот, човекот на Трамп не ја сфати пораката
    • Ѓорѓиевски: Во тек е рокот за испорака на новите автобуси
    • Во завршна фаза подземната сообраќајница кај „Лимак“: Ѓорѓиевски најави целосно поврзување до 2028 година
    • Македонското обвинителство ја зајакнува соработката со Словенечката развојна академија: Акцент на финансиски истраги и ЕУ-реформи
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Денеска посебен сообраќаен режим во Скопје: Се одржуваат две спортски трки

    Денеска посебен сообраќаен режим во Скопје: Се одржуваат две спортски трки

    05.04.2026 во 11:042 Mins Read
    ФОТО: МВР
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните на Скопје дека денеска ќе биде воведен посебен режим на сообраќај на повеќе локации низ градот, поради одржување на две спортски манифестации.

    Првиот настан е планинската трка „Водно-Матка Треилс 2026“, која започнува во 07:00 часот наутро. Стартно-целната позиција е во комплексот „Македонско село“, а трасата се движи по дел од јавниот пат до селото Горно Нерези (кај џамијата), по што натпреварувачите продолжуваат по планинските патеки. Поради оваа трка, сообраќајот на овој потег ќе биде привремено затворан во три кратки интервали од по пет минути: од 07:00 до 07:05 часот, од 08:00 до 08:05 часот и од 09:00 до 09:05 часот.

    Вториот настан е улична трка во организација на Сојузот на спортови на Скопје, која започнува во 10:00 часот. Трката ќе се одвива по булеварот „Илинден“, со старт кај фонтаната „Лотус“. Учесниците ќе трчаат по булеварот до крстосницата со булеварот „8 Септември“, каде ќе прават полукружно свртување и ќе се враќаат назад кон стартната позиција.

    Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе биде на терен и ќе ги пренасочува возилата по околните сообраќајници. Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите на полициските службеници со цел безбедно и непречено одвивање на настаните.

    Прочитај повеќе

    Ѓорѓиевски: Во тек е рокот за испорака на новите автобуси

    18.09.2026 во 21:33

    Во завршна фаза подземната сообраќајница кај „Лимак“: Ѓорѓиевски најави целосно поврзување до 2028 година

    18.09.2026 во 21:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.