Close Menu
Press24
    Најново

    Засилени контроли на УЈП – илјадници активни даночни обврзници вршат дејност и остваруваат промет без фискален уред

    29.03.2026 во 10:23

    Смрзнувачка на Шапка: Измерени минусни температури и над 60 см снег

    29.03.2026 во 10:20

    Посебен сообраќаен режим: 500 натпреварувачи ќе се тркаат

    29.03.2026 во 10:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Засилени контроли на УЈП – илјадници активни даночни обврзници вршат дејност и остваруваат промет без фискален уред
    • Смрзнувачка на Шапка: Измерени минусни температури и над 60 см снег
    • Посебен сообраќаен режим: 500 натпреварувачи ќе се тркаат
    • Не ги пакувајте чадорите – и денеска ќе врне дожд
    • Си крчка снег на Шапка: Коловозите во Македонија влажни – можна појава на одрони
    • На „Дрисла“ завршија половина милион јајца запленети на Табановце
    • Ограбена девојка на автобуска постојка – полицијата трага по крадецот
    • Филипче: СДСМ и СПД ја продлабочуваат соработката, договорено збратимување на општините
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Засилени контроли на УЈП – илјадници активни даночни обврзници вршат дејност и остваруваат промет без фискален уред

    Засилени контроли на УЈП – илјадници активни даночни обврзници вршат дејност и остваруваат промет без фискален уред

    29.03.2026 во 10:233 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Како дел од континуираните активности за сузбивање на неформалната економија и унапредување на фискалната дисциплина кои Управата за јавни приходи ги спроведува во изминатиот период, започнуваат засилени активности насочени кон субјекти кои вршат дејност и остваруваат промет без регистриран фискален систем на опрема.

    Имено, согласно службената евиденција на УЈП, во дејностите трговија на големо и трговија на мало, дејности за подготовка на оброци и служење на храна, правни и сметководствени дејности, туристички агенции и организатори на патувања (туроператори), каде што претежно се врши промет на добра и услуги кон крајни купувачи со готовински плаќања, 6.451 даночен обврзник се деловно активни и имаат вработени лица, а воопшто немаат регистрирано фискален систем на опрема за регистрирање на готовински плаќања.

    Од нив, 3.115 субјекти се регистрирани и за целите на ДДВ, што дополнително укажува на вршење редовна деловна активност. Активностите и контролите во првата фаза ќе бидат насочени токму кон овие активни субјекти, со цел нивно итно усогласување со законските обврски за евидентирање на готовинските плаќања.

    Дополнително, од страна на УЈП детектирани се уште 13.966 даночни обврзници во овие дејности без регистрирани фискални уреди, за кои УЈП ќе спроведе теренски проверки, вкрстување на податоци и други контролни механизми, со цел да се утврди дали истите реално вршат деловна активност без да го пријавуваат прометот и без да пресметуваат и плаќаат даноци.

    Доколку се утврди дека субјектите вршат дејност, но не го пријавуваат прометот и не пресметуваат и плаќаат даноци, покрај прекршочни, ќе бидат покренати и соодветни кривични постапки согласно закон. Согласно Законот за регистрирање на готовинските плаќања секој даночен обврзник кој врши промет на добра и промет на услуги за кој плаќањето не се извршува по банкарски пат (готовински плаќања) е должен да воведе и користи одобрен фискален систем на опрема за регистрирање на готовинските плаќања и задолжително да издава сметка за извршениот промет, односно услуга (фискална сметка).

    Во таа насока, даночните обврзници се должни:

    •да воведат и користат фискален апарат или фискален систем на опрема;

    •да го регистрираат истиот во Управата за јавни приходи пред започнување со вршење на промет;

    •да издаваат фискална сметка за секоја извршена продажба на добра или услуги за која се врши готовинско плаќање.

    Управата за јавни приходи укажува дека непостапувањето согласно законските одредби предвидени во Законот за регистрирање на готовинските плаќања претставува прекршок, за кој се предвидени парични глоби и запечатување на трговски објекти согласно прекршочните одредби од законот.

    Со ова известување Управата за јавни приходи ги повикува сите даночни обврзници кои вршат промет на добра и услуги со готовинско плаќање, а немаат воведено и регистрирано фискален систем на опрема да преземат итни активности за доброволна усогласеност и да извршат набавка, инсталација и регистрација на фискален апарат преку овластен оператор и согласно постапката утврдена од Управата за јавни приходи.

    Управата за јавни приходи ќе го следи усогласувањето и ќе преземе мерки во насока на целосно и задолжително исполнување на законските обврски.

    Борбата за сузбивање на сивата економија останува еден од приоритетите на Управата за јавни приходи, а контролите за фискализација имаат за цел зголемување на довербата во даночната администрација, создавање ред во економијата и заштита на легалниот бизнис.

    Популарно

    Засилени контроли на УЈП – илјадници активни даночни обврзници вршат дејност и остваруваат промет без фискален уред

    29.03.2026 во 10:23

    Смрзнувачка на Шапка: Измерени минусни температури и над 60 см снег

    29.03.2026 во 10:20

    Посебен сообраќаен режим: 500 натпреварувачи ќе се тркаат

    29.03.2026 во 10:18

    Не ги пакувајте чадорите – и денеска ќе врне дожд

    29.03.2026 во 10:17
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.