Close Menu
Press24
    Најново

    Детали: Приведениот обвинител од Прилеп ургирал во 4 предмети и барал пониски казни – колегите го снимале цело време

    07.10.2026 во 10:52

    Лоши прогнози: Скап дизел ќе возиме цела наредна година

    07.10.2026 во 10:13

    Измени во „Сејф Сити“ – камерите ќе гледаат нов прекршок

    07.10.2026 во 10:08
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Во близина на минхенскиот аеродром забележана дива мачка за која се сомнева дека е пума
    • Разбиен синџир за шверц со мачки – Украдени илјадници миленици за месо во Виетнам
    • Најстудено вечерва во Берово – Погледнете ги измерените температури во 23 часот
    • СЗО бара официјални информации од Русија: Истрага за смртта на научничка во Иркутск по сомневањата за белодробна чума
    • Во петок можни се пречки во мрежите и ГПС – се очекува умерена геомагнетна бура од категорија G2
    • Инцидент во рудникот „Трепча“: 63 рудари останаа заглавени под земја
    • Танкер погоден од повеќе ракети во близина на Катар – има жртви
    • Татко случајно ја усмрти тригодишната ќерка со земјоделска машина во сопствениот двор – Трагедија во Албанија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Приведени 25 возачи низ Македонија – „Летале” по улиците, возеле пијани и без дозволи

    Приведени 25 возачи низ Македонија – „Летале” по улиците, возеле пијани и без дозволи

    25.03.2026 во 10:33Updated:25.03.2026 во 10:562 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во текот на изминатите два дена (23/24.03.2026) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 1177 издадени платни налози, од кои 217 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење.  

    Лишени од слобода за безобѕирно управување на возило биле 25 лица, од кои две за возење под дејство на алкохол, 10 за возење без возачка дозвола, две поради претходно изречена забрана за управување на возило.  
    Во истиот период одземени се 11 возила по член 300-б од Кривичниот законик. 

    Понатаму, според статистичкиот преглед од полициските активности, во текот на изминатите два дена евидентирани се 324 прекршоци за неправилно паркирање, како и шест санкции за возење под дејство на алкохол.

    Од друга страна пак, а согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата санкционирани биле 11 возачи на мотоцикли за неносење заштитен шлем, а санкционирани се и 10 пешаци. Исто така санкционирани се 161 учесник во сообраќајот кои што не користеле сигурносен појас. Согласно Законот за возила, 20 возила биле отстранети од сообраќај заради тоа што биле нерегистрирани, а 34 заради техничка неисправност. Санкционирани се и 14 возачи поради неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата (фолии). 


    Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, велат од МВР.

    Just In
    Прочитај повеќе

    Летал со 203 км/ч на автопатот Скопје – Свети Николе – полицијата го улови

    07.10.2026 во 20:49

    (ВИДЕО) Санкциониран возачот кој со „голф“ го попречуваше сообраќајот во центарот на Скопје

    07.10.2026 во 18:16
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.