Close Menu
Press24
    Најново

    Полицијата не простува: „Паднаа“ осуммина возачи за безобѕирно возење – од крадци до пијани трактористи

    18.03.2026 во 15:40

    Димитриеска-Кочоска на средба со претставници од ММФ: Економијата со стабилен раст и јасна фискална рамка

    18.03.2026 во 15:29

    (ФОТО) Завршена голема реконструкција во Битола: Нова водоводна мрежа за жителите на „Мал Париз“

    18.03.2026 во 15:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Полицијата не простува: „Паднаа“ осуммина возачи за безобѕирно возење – од крадци до пијани трактористи
    • Димитриеска-Кочоска на средба со претставници од ММФ: Економијата со стабилен раст и јасна фискална рамка
    • (ФОТО) Завршена голема реконструкција во Битола: Нова водоводна мрежа за жителите на „Мал Париз“
    • Измама во Тетово тешка илјадници франци: Нарачал материјали за Швајцарија, па „заборавил“ да ги плати
    • Започна распределбата на ваучерите за инвертер клими – објавени и компаниите од кои граѓаните ќе можат да набават уреди
    • Перински во Гевгелија и Богданци: Над 300.000 евра за нов туристички центар во Серменин
    • Нов ужас во Кисела Вода: Скопјанец тепал сопруга и малолетна ќерка со тврд предмет
    • Избран нов државен јавен обвинител: Ненад Савески ја доби довербата од пратениците
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Тренчевска: Власта го претвора обвинителството во своја „продолжена рака“

    Тренчевска: Власта го претвора обвинителството во своја „продолжена рака“

    18.03.2026 во 13:403 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    „Собранието е пред носење на важна одлука, но најголемата опасност не лежи во биографијата на кандидатот, туку во намерата на власта да го претвори обвинителството во продолжена рака на политиката“, рече потпретседателката на СДСМ, Јована Тренчевска , на собраниската седница по предлог кандидатурата на Ненад Савевски за државен јавен обвинител и новиот предлог-закон за јавно обвинителство.

    „Иако кандидатот, Савевски, не е присутен во Собранието, сигурно ја следи седницата, и затоа јавно го прашуваме дали ќе го искористи член 36 од предлог-законот за да ги казни со ниски оцени сите негови колеги кои ќе одбијат да ги затворат истрагите за Пирамид Билдинг и за стратешкиот тендер од еден „запирка“ 74 милиони евра, посочи Тренчевска.

    Во контекст на овие ризици, Тренчевска  јавно постави прашања до кандидатот повикувајќи го да постапи:

    1.            Дали ќе се спротивстави на рамките што го прават зависен од политиката и ќе покаже дека правдата е над партиските интереси?

    2.            Дали неговата програма за работа предвидува ревизија на сите тендери доделени во општините под контрола на ВМРО-ДПМНЕ, или наместо тоа ќе биде стечаен управник на партиски интереси?

    3.            Дали ќе поднесе оставка доколку Владата се обиде да го спречи истражување на криминалот на актуелната власт, со што ќе покаже дека ќе го чува интегритетот на институцијата?

    „Не зборуваме против личноста, туку против системот што се гради за да се контролираат луѓето и да се потисне правдата. Секое идно сомнително постапување ќе се смета за директно исполнување на долгот кон партијата што го избрала кандидатот“, заклучи Тренчевска .

    СДСМ нема да гласа, ниту ЗА ниту ПРОТИВ.

    „Нема да гласаме против, затоа што тоа би било протолкувано од Владата како опструкција на европската агенда. Европската агенда за нас е исклучително важна, за разлика од вас кои ја ставате на маргините. Реформата е потребна, но извршителот е компромитиран, т.е. предлагачот е толку компромитиран што е инфицирана и биографијата на Савевски.“ рече Тренчевска.

    Тренчевска истакна дека, иако Савевски има години искуство во правосудниот систем и познавање на процедурите, тоа не ја исклучува загриженоста за политичката контрола.

    „Буџетот на обвинителството е поставен како финансиска уцена. Доколку државниот обвинител побара повеќе средства, Владата има конечниот збор, што овозможува директно уценување доколку се отворат истраги против високите функционери на актуелната власт“, посочи Тренчевска , додавајќи дека овој механизам го става обвинителството во позиција на зависност.

    Таа се осврна и на преземањето на предмети и можноста за блокирање на истраги. „Според член 3, 30 и 36 од новиот предлог-закон, државниот обвинител може да презема предмети од кој било обвинител под изговор на нестручност, што создава можност едно лице да ги блокира сите истраги, вклучително за аферите 161 тендер и Пирамид Билдинг, поврзани со власта“, нагласи Тренчевска , со што дополнително ја потенцираше опасноста од политичко влијание.

    Оваа загриженост се продлабочува и тоа не е реформа, тоа е ризик,  нагласувајќи дека на хартија се предлагаат европски процедури и реформи, но во пракса се инсталираат механизми за хиерархиска контрола и се обезбедува правен штит за актуелните тендерски скандали.

    Тренчевска  предупреди дека државата ризикува да стане место каде законот важи само за опозицијата, додека функционерите на власта остануваат заштитени, што создава дополнителни загрижености за рамнотежата и довербата во правосудството.

    Популарно

    Романија итно испрати два борбени авиони Ф-16, упатено е предупредување до населението

    17.03.2026 во 22:44

    Рекорд без него нема да биде исто место – Чичко Драги ќе биде погребан утре

    18.03.2026 во 09:17

    Иран го нападна Израел со над 100 ракети – одмазда за убиството на Лариџани

    18.03.2026 во 10:41

    Лажен продавач на мебел „олесни“ тетовчанка за 550 евра: Внимавајте со кого се договарате

    17.03.2026 во 23:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.