Црн биланс по денешната тешка несреќа на градилиште во виенскиот кварт Алцергрунд. Како што пренесуваат австриските медиуми, четири лица го загубија животот, додека еден работник се бори за живот по уривање на скелиња и огромни количини бетон.
Драмата започнала во раните попладневни часови кога делови од конструкцијата и оплатата попуштиле, заробувајќи неколку работници под урнатините. Иако спасувачките екипи веднаш излегле на терен, за четворица градежници помошта пристигнала предоцна.

