Close Menu
Press24
    Најново

    Четворица насилници приведени во еден ден – напаѓале сопруги и се заканувале на родители

    17.03.2026 во 16:00

    Ацо Ристов предлог за нов претседател на Регулаторната комисија за енергетика

    17.03.2026 во 15:38

    МПЦ-ОА пријавила кражба од црква во Скопје вредна над 150.000 денари

    17.03.2026 во 15:20
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Четворица насилници приведени во еден ден – напаѓале сопруги и се заканувале на родители
    • Ацо Ристов предлог за нов претседател на Регулаторната комисија за енергетика
    • МПЦ-ОА пријавила кражба од црква во Скопје вредна над 150.000 денари
    • Димитровски учествува на ЦЕИ во Трст: Акцент на европската перспектива на регионот
    • Филипче: Анкетите си покажаа – ВМРО бележи пад, а СДСМ раст на поддршката
    • ОКТА: Сите наши клиенти добија попуст и истиот е соодветно пресметан во фактурите
    • Постигнат договор во Персискиот Залив: Иран дозволи танкери да поминат низ блокираниот проток
    • Министерство за земјоделство: Исплатени над 280 милиони денари кон повеќе од 4.700 корисници
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Филипче: СДСМ поднесува пакет законски решенија за намалување на цените на горивата и храната

    Филипче: СДСМ поднесува пакет законски решенија за намалување на цените на горивата и храната

    17.03.2026 во 13:042 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ќе поднесе пакет законски решенија за намалување на цените на горивата и на храната, најави на денешната прес-конференција претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче. Тој посочи дека денешното поскапување на горивата  е второ сериозно покачување на цените на горивата, а владата не презема ништо за да го заштити стандардот на граѓаните.

    „Од денеска повторно има покачени цени на горивата во земјава.Иако премиерот Христијан Мицкоски најавуваше дека горивата ќе поевтинат и дека ќе се намалат некаде за 2,5 денари по литар тие поскапеа за 7 денари. И тоа не е ништо од премиерот, секој ден му е само една нова лага. Нема најава за никакви мерки коишто во оваа тешка криза ќе им помогнат на граѓаните полесно да живеат“, рече Филипче.

    Тој додаде дека сите земји во регионот веќе преземаа соодветни мерки со коишто им помагаат своите граѓани полесно да ја надминат оваа криза, само нашата влада не прави ништо, не се грижи за граѓаните, се грижи само за сопствените бизниси и за сопствените тендери.

    „Имајќи предвид дека апелиравме, имајќи предвид дека како и секогаш досега владата не одговори и нема намера да одговори, ние во Собранието ќе поднесеме пакет на закони со цел да им олесниме на граѓаните оваа криза полесно да ја надминат. Прво закон за намалување на стапката на ДДВ од 18% на 5% за горивата, понатаму намалување на акцизата за 4 денари, третиот закон е укинување односно сведување на 0 % проценти ДДВ за основните прехранбени производи и четвртиот закон е за преполовување на цените на патарините коишто нашите граѓани ги плаќаат возејќи по патиштата ширум државата“, најави претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче.

    Популарно

    Ќе нема струја до 16 часот – Најавени исклучувања во повеќе скопски населби и села

    17.03.2026 во 08:24

    Полицаецот кој ја загуби ќерката во Пулс со потресна исповед: „И ја видов кондурата, па ја видов Стефанија како лежи”

    17.03.2026 во 10:20

    Жена остана без 2.000 € и 1.000 $ – МВР приведе скопјанец

    17.03.2026 во 10:03

    Подгответе се за невреме – Лош пресврт со времето

    17.03.2026 во 07:57
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.