Close Menu
Press24
    Најново

    Зеленски: Украина не војува со Иран, само го продава своето искуство за одбрана од дронови

    15.03.2026 во 13:04

    ВМРО-ДПМНЕ: Протестот докажа дека ССМ и СДСМ се едно исто, работниците се злоупотребени за политичка игра

    15.03.2026 во 12:52

    Уапсени 13 возачи низ државата: Пијани предизвикувале несреќи, див таксист фатен во Скопје

    15.03.2026 во 12:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Зеленски: Украина не војува со Иран, само го продава своето искуство за одбрана од дронови
    • ВМРО-ДПМНЕ: Протестот докажа дека ССМ и СДСМ се едно исто, работниците се злоупотребени за политичка игра
    • Уапсени 13 возачи низ државата: Пијани предизвикувале несреќи, див таксист фатен во Скопје
    • Трипуновски ја најави кампањата „Гласот кој го слушаме – македонско најдобро“: Институциите одат директно кај земјоделците
    • СДСМ бара итни мерки за горивата: Дизелот ги чинеше граѓаните 3 милиони евра за една недела
    • САША БОДАНОВИЌ: Луѓе избркани од матичните партии се упикаа во СДСМ
    • Млада девојка паднала од балкон во Тетово, итно однесена во Скопје
    • Државата и бизнисот се здружуваат против сивата економија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » САША БОДАНОВИЌ: Луѓе избркани од матичните партии се упикаа во СДСМ

    САША БОДАНОВИЌ: Луѓе избркани од матичните партии се упикаа во СДСМ

    15.03.2026 во 11:209 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Поранешниот градоначалник на Центар од СДСМ, Саша Богдановиќ се враќа во политиката со партија, која има предзнак на етничка партија на Србите во Македонија. Во интервју за Прес 24, вели дека сите подготовки за партијата се завршени и задесетина дена ќе следува и официјална промоција.

    Со неговата матична партија СДСМ вели дека расчистил уште пред неколку години, кога не се најде на листата за повторен избор за градоначалник.

    -Година дена пред избор за кандидати за градоначалници за локалните избори 2021 година остварив разговор со највисокото раководство околу избор на кандидат за градоначалник за општина Центар, и дека скршнувањето од некои започнати процеси поврзани со локалната самоуправа и кадровски решенија може да донесат до раслојување и уништување на општинската организација на СДСМ во Центар и дека тоа ќе се одрази на целиот труд којшто е вложен во изминативе 20 години. Добивав уверување дека тоа нема да се случи, но на крај дојде до тоа, вели Саша Богдановиќ во интервју за Прес 24.

    На критиките од СДСМ дека неговата сегашна партија е комбинација на ВМРО, БИА и Вучиќ, Богдановиќ возвраќа дека не се оптеретува со сегашното раководство на партијата.

    -Луѓе избркани од своите матични партии и упикани во СДСМ само за да преживеат некако политички. И тоа е најголемата трагедија што луѓе не знаеле кај е Бихачка, или биле против СДСМ, сега се најголеми СДСМОВЦИ. И за секој нивен неуспех ќе биде друг крив и ќе добие етикета ама затоа искрено не се оптеретуваме, велаи Богдановиќ во интервјуто.

    Во интервјуто зборува и за тоа како гледа на идеологијата Српски свет, а открива и дека има добра соработка со Александар Вучиќ. 

    ПРЕС 24: Саша Богдановиќ се враќа на политичката сцена во Македонија, овој пат преку партија која има етнички предзнак, зошто се одлучивте за ваква комбинација на политичко дејствување?

    БОГДАНОВИЌ: Кога го напуштив СДСМ од пред две години во оставката напишав дека не ми се допаѓа начинот на кој СДСМ се однесува према српската заедница и дека ми остава сомнеж дека во иднина таа негативна реторика ќе продолжи. И за жал бев во право. Во изминативе две години со голем дел од луѓето со кои сум соработувал, или соработувам ја подржуваа идејата за формирање на организационен облик којшто ќе се залага за подобрување на правата на Србите во Македонија во рамки на системот. Направивме движење како невладина организација кое се вика” Демократска лига” и започнавме да разговараме со повеќе политички чинители за да направиме заеднички прифатлива платформа која ќе ја подобри положбата на Србите во Македонија, но со тоа корист ќе имаат и другите етнички заедници. Освен декларативно, немаше конкретно залагање за да тоа се отпочне. Јас лично не брзав со формирањето на партијата и сакав да почекаме и да пружиме рака за соработка. 

    Кога поминаа локалните избори решивме после божиќните и новогодишните празници да ја започнеме иницијативата. 

    Предзнакот српски е затоа што во добар дел ќе се бавиме за зачувување на српскиот идентитет преку културата и образованието но, ќе дадеме свое видување и на сите останати сегменти во нашето општество. 

    Енергетика, земјоделие, спорт и млади, урбанизам и градежништво, дигитализација и информатичко општество итн.

    ПРЕС 24: Реално многумина мислеа дека Вашето враќање во политиката ќе биде за локалните избори. Имаше разни шпекулации, од тоа дека би биле дел од структурите на Максим Димитриевски, или некои независни групи на луѓе од СДСМ. Сегде Ве бореаја, освен во СДСМ. Имаше ли вакви опции?

    БОГДАНОВИЌ:  Формално никаде се немам зачленето после излегувањето од СДСМ. Разговори сум имал но, секогаш сум ја истакнувал идејата дека пред се дека треба да се има посебност кога се креираат политиките поврзани со културниот и јазичниот идентитет на Србите во Македонија. Во тие разговори секој сака да ја има подршката од Србите во Македонија, но како дел од нивната политичка партија а без да се направи некоја програма или платформа каде тие значајни работи би биле направени и подобрени. Во тие разговори се кажувало и за можно ангажирање на локално ниво, но се барало да бидам дел од веќе постоечка политичка партија. Јас тоа не сум го прифатил бидејќи едноставно луѓето кои те подржуваат бараат конкретни чекори и програми, а тоа немаше.

    ПРЕС 24: Што се случи меѓу Вас и СДСМ?

    БОГДАНОВИЌ: Година дена пред избор за кандидати за градоначалници за локалните избори 2021 година остварив разговор со највисокото раководство околу избор на кандидат за градоначалник за општина Центар, и дека скршнувањето од некои започнати процеси поврзани со локалната самоуправа и кадровски решенија може да донесат до раслојување и уништување на општинската организација на СДСМ во Центар и дека тоа ќе се одрази на целиот труд којшто е вложен во изминативе 20 години. Добивав уверување дека тоа нема да се случи, но на крај дојде до тоа. Се избра човек кој скроз го смени курсот по кој се движеше општината, а сите познати членови кои даваа огромен придонес за работата на општинската беа тргнати и политички отстранети. Без разлика на тоа останав доследен и не преземав чекор со кој можев да го уништам се тоа што сум го правел, или сме го правеле во изминатите години. И тоа беше последен пат општинската да биде компактна и да донесе победа. И после мојата смена единствена работа што барав е да се задржи компактноста и единството, но на жалост тоа никој не го слушаше. Започна раслојувањето поделбите и тоа резултираше со најлош резултат со само 6000 гласови на парламентарните избори. Партијата одеше во погрешен правец а јас гледав дека едноставно никој не сака да те ислуша, или да влијае да не дојде до тоа и едноставно не сакав да бидам дел од тоа. Се повлеков. Најинтересно од се е што никој не најде за сходно да разговара, или да праша зашто сум се одлучил за тој чекор и тогаш сфаќате дека процесот за кој сте укажувале е веќе почнат и нема назад и еве нажалост после две години сум бил во право. 

    ПРЕС 24: Сегашниот политички ангажман, каква структура носи, што е целта на формирањето политичка партија?

    БОГДАНОВИЌ: Во нашата структура имаме луѓе кои се познати во општеството и секој си има своја тежина. Луѓе за спорт, култура, образование, дигитализација и информатичко општество, земјоделие, право и правда, евроинтеграции, урбанизам и градежништво, локална самоуправа, сообраќај, безбедност, животна средина и просторно планирање, труд и социјална политика. И тие луѓе не само што ќе дадат идеи и предлози него и конкретен план и програм како да се спроведат тие идеи и луѓе кои знаат тоа да го направат. Но, тоа ќе го презентираме во наредниот период.

    ПРЕС 24: Какво политичко дејствување преферирате. Опозиција на власта, или опозиција на партијата на Србите во власта?

    БОГДАНОВИЌ: Најпрвин ќе ја претставиме програмата и политиката и ќе ја понудиме за соработка на останатите политички чинители во Македонија. Нашата политика не е ПРОТИВ некого, него ЗА некого и нешто и затоа ќе нудиме соработка.

    ПРЕС 24: Ако се анализира тајмингот на покренување партија со таква профилност, тогаш се чини дека картите не Ви се наклонети. Реално во 35 години независност срската заедница во Македонија никогаш немала поголема моќ во власта. Вицепремиерско место, министерство за политички систем?

    БОГДАНОВИЌ: Ние не таргетираме засега високи места и позиции него изработка на понуда и програма позади која ќе стојат многу луѓе. Ако немате програм, визија и идеја и како ќе ги спроведете вашите заложби тогаш функцијата нема тежина. Подобро е да имаме јасен план и програм и да го инкорпорираме во системот а фунциите после тие успеси сами доаѓаат.

    ПРЕС 24: Претоставувам дека ја видовте реакцијата на СДСМ за вашиот политички ангажман. Таа е некаква комбинација на поддршка од ВМРО, БИА, Србија, Русија… 

    БОГДАНОВИЌ:  На таквите изјави човек само може да се насмее и да се охрабри дека е на прав пат. Тоа го кажуваат луѓе кои да ги собереш имаат помалку стаж во СДСМ од мене. Луѓе избркани од своите матични партии и упикани во СДСМ само за да преживеат некако политички. И тоа е најголемата трагедија што луѓе не знаеле кај е Бихачка, или биле против СДСМ, сега се најголеми СДСМОВЦИ. И за секој нивен неуспех ќе биде друг крив и ќе добие етикета ама затоа искрено не се оптеретуваме.

    ПРЕС 24: Ако се испостават точни анализите на СДСМ, да не излезе на крај дека сте помоќен од Стоилковиќ?

    БОГДАНОВИЌ:  Пак ќе кажам, нас не ни е важно да бидеме помоќни од некого или послаби него да понудиме нешто со што ќе подобриме нешто во општеството. И пак не гледаме да бидеме против него за некого или нешто.

    ПРЕС 24: Некои ќе речат тоа би била партија повеќе за битка за позицијата на Србите од Македонија во сојузот Српски свет?

    БОГДАНОВИЌ: Ни едното, ни другото, нам не ни е важна круната на главата, него идејата за што се бориме.

    ПРЕС 24: Каков став имате Вие за таа идологија на Српски свет?

    БОГДАНОВИЌ:  Србите како народ имаат своја култура, историја,обичаи и традиција која има општи карактеристики но, и посебности зависно во кој дел на Балканот или светот живеат. Тие општи карактеристики но, и посебности се богатство за српскиот народ но, и за државите каде и да живеат Србите. И секое поврзување го гледам како предност бидејќи во овие тешки и непредвидливи времиња треба да се држиме заедно, а ние како Срби секогаш сме пружале рака на соработка.

    ПРЕС 24: Во Србија имате повеќе контакти со Вучиќ, тамошната опозиција, или?

    БОГДАНОВИЌ:  Соработката со актуелната власт во Србија е на конкретно и високо ниво и ме радува што секогаш имаме отворена врата за било каква идеја, предлог или проблем. Политиката на Претседателот на Република Србија Александар Вучиќ и раководството за мир, стабилност и се поголема взаемна соработка ни помага на сите, а пред се на Србите кои живеат во регионот. 

    Што се однесува до опозицијата јас никаде не сум видел конкретен план, или програм ниту пак некакво интересирање за Србите во регионот, така да не можете да соработувате со некого кој што никогаш ништо не кажал што би направил за Србите во регионот и дијаспората.

    ПРЕС 24: Кога може да се очекува официјализирање на партијата? И има ли некои други звучни имиња?

    БОГДАНОВИЌ: Ние нашиот дел за собирање на потписи го завршивме до празникот Сретение Господово, а пред некој ден ги добивме останатите документи кои ни се потребни за комплетирање на целосната документација кои требаше да ги добиеме од државните институции а се потребни согласно законот за партии. Во наредниве два до три дена ќе ги провериме сите поединечно и ќе ги повикаме сите кои ни дадоа поддшка да ги донесеме потребните акти и потоа да предадеме се до надлежниот суд. Тоа ќе се случи во наредните 10 дена, а потоа очекуваме судот што поскоро да донесе решение. По мои проценки април може да очекуваме партијата формално да биде формирана.

    Популарно

    Утре седум часа ќе нема струја – ЕВН најави исклучувања кај голем број корисници

    13.03.2026 во 12:28

    Тешка сообраќајка на патот Кавадарци – Росоман: Жена тешко повредена по судир со камион

    13.03.2026 во 12:18

    Уапсени 13 возачи низ државата: Пијани предизвикувале несреќи, див таксист фатен во Скопје

    15.03.2026 во 12:44

    Дневен хороскоп: Пресврт кај Овенот, се отвораат нови врати за Шкорпијата

    12.03.2026 во 09:05
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.