Министерството за Култура на својата официјална Фејсбук страница, изрази жалење по веста за смртта на Кирил Поп Христов-Кили.
-Министерството за култура и туризам изразува длабоко жалење за смртта на истакнатиот македонски актер Кирил Поп Христов – Кили. Со својата посветеност, талент и долгогодишна работа, тој остави значаен белег во македонската театарска и културна сцена. Неговото уметничко наследство ќе остане трајно сведоштво за неговиот придонес во културата. Изразуваме искрено сочувство до неговото семејство, пријателите и колегите. Нека му е вечна слава, стои во постот.
Кили е роден на 30 јули 1967 година во Скопје. Дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје, на отсекот Актерска игра, во класата на професорот Љубиша Георгиевски во 1989 година. Од 1993 година работел во Македонски народен театар во Скопје.
Познат е по улогите во Тетовирање, Македонска Сага, Пикасо и Трст виа Скопје.
Почина на 58,годишна возраст, од инфаркт, во сон, во Еквадор каде живееше со години. Таму ќе биде и погребан, покрај океанот.
Кили останува запаметен како еден од значајните македонски актери на својата генерација, со бројни улоги кои го одбележаа театарското и филмското наследство во земјата.
Нека почива во мир. Сочувство до семејството.

