Close Menu
Press24
    Најново

    Новини за пензионерите: Алиу најави продолжување на работниот век за специјалистите и бесплатно лекување за најранливите

    22.04.2026 во 13:00

    Возачи внимавајте: Старата прва помош веќе не важи во регионот, задолжително набавете нов сет

    22.04.2026 во 09:46

    Затвореник од Прилеп дал 890.000 денари за намалување на казната, па сфатил дека е измамен

    22.04.2026 во 13:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Првиот заменик на претседателот на Владата оствари средба со инвеститори од Турција
    • Хоџа пред бизнис заедницата во Виена: Отворени сме за зелени инвестиции за да обезбедиме одржлива иднина
    • Енергетиката како стратешка алатка – Божиновска од Виена: Македонија се позиционира како регионален играч
    • Лефков: Техничката влада е дивоградба во правниот систем, власта мора да произлегува директно од волјата на граѓаните
    • Николоски: Австрија е наш силен поддржувач, соработката продолжува во насока на економскиот напредок
    • Министерот Хоџа во Виена ги презентираше еколошките приоритети пред австриската влада
    • Орце Ѓорѓиевски: Нека е аирлија булевар Борис Трајковски
    • Мицкоски од Виена: Отворен и конструктивен дијалог за унапредување на соработката, посебно во економијата
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Петковска: Измените во Кривичниот законик се во насока на подобра заштита на ранливите групи

    Петковска: Измените во Кривичниот законик се во насока на подобра заштита на ранливите групи

    10.03.2026 во 19:262 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    „Законите се солидни како што кажав, меѓутоа законот е делотворен онолку колку што е делотворна неговата имплементација. Во таа насока потребна е институционална координација, синхронизирано делување на сите институции коишто се засегнати, до кои се адресираат пријавите, правилна и навремена проценка на ризик“, истакна Лидија Петковска, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисијата „Директно“ на Телма телевизија.

    Петковска нагласи дека измените на КЗ се токму во насока на подобра заштита на ранливите групи. Таа исто така додаде дека и мисијата на ОБСЕ изразила пофалба за Националната стратегија 2026-2033 година, потенцирајќи дека ќе се продолжи со работа интензивно и во периодот што следува.

    „Ние имаме квалитетни закони, сега направивме измена на Кривичен законик, се во насока на подобра заштита на жените жртви на насилство и на ранливите групи. Во Министерството за внатрешни работи веќе се организираше тркалезна маса, исто така и во Министерството за социјална политика, демографија и млади. Кога велам тркалезна маса, значи дека на една маса седнуваат сите чинители коишто можат да влијаат врз намалување на овие штетни појави. Како што се претставници од Министерството за правда, Министерството за внатрешни работи, Министерството за социјална политика, демографија и млади, граѓанскиот сектор, оние практичари како што спомнав и претходно коишто точно знаат кои законски измени се потребни и законските измени ќе ги направиме. Најлесно е да смените закон, меѓутоа законот ако не може да биде имплементиран во пракса, ако нема доволно буџетски средства тогаш имаме само закон на хартија. Исто така мисијата на ОБСЕ изрази пофалба за Националната стратегија 2026-2033, така што се работи и ќе се работи интензивно во периодот што следува“, рече Петковска.

    Популарно

    Новини за пензионерите: Алиу најави продолжување на работниот век за специјалистите и бесплатно лекување за најранливите

    22.04.2026 во 13:00

    Возачи внимавајте: Старата прва помош веќе не важи во регионот, задолжително набавете нов сет

    22.04.2026 во 09:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.