Close Menu
Press24
    Најново

    Фредериксен: Гренланд не е на продажба

    07.07.2026 во 22:30

    Минчев во Струмица: ЗНАМ продолжува со работни средби со локалните организации и членството

    07.07.2026 во 22:02

    Битиќи: Ребалансот е фактура за владиниот дебакл, дефицитот руши рекорди, а власта крати од граѓаните и инвестициите

    07.07.2026 во 21:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Фредериксен: Гренланд не е на продажба
    • Минчев во Струмица: ЗНАМ продолжува со работни средби со локалните организации и членството
    • Битиќи: Ребалансот е фактура за владиниот дебакл, дефицитот руши рекорди, а власта крати од граѓаните и инвестициите
    • Конески: Владината мерка за студентско практикантство ќе ги доближи младите до институциите
    • Нова дигитална алатка: „Where Are You“ пристигнува за граѓаните
    • Во четврток почнува судскиот процес за серискиот убиец од Старо Нагоричане
    • Млада скопјанка пронајдена почината во стан во Аеродром
    • Камбовски: Правилникот за надосместоците на судиите-поротници е стар повеке од 15 години
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Итна седница на Националното координативно тело –  ќе се формира работна група за измени и дополнувања на неколку закони

    Итна седница на Националното координативно тело –  ќе се формира работна група за измени и дополнувања на неколку закони

    10.03.2026 во 19:163 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата на Совет на Европа за спречување и борба против насилство врз жените и семејното насилство со кое претседаваше заменик министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, одржа итна седница во проширен состав, со присуство на министерот за внатрешни работи, Тошковски, заменикот министерот за правда, Деребан, претставници на Јавното обвинителство,  Основен суд, експерти во областа, граѓански организации и претставници од надлежните институции.

    Итноста произлегува по последниот трагичен настан во кој згаснаа два животи, а со цел преземање на конкретни мерки и активности од страна на сите надлежни институции, во насока на спречување  и подобрување на  заштитата на жртвите и гонење на сторителите.

    Исто така, на Седницата беа разгледани и заклучоците од одржаната тркалезна маса организирана од страна на Министерството за внатрешни работи, со учество на надлежни институции и граѓански организации и академската фела, кои работат во областа на семејното насилство. На овој настан беа  дадени препораки и конкретни активности кои треба да се преземат, а кои имаат за цел зајакнување на системот за спречување и заштита на жртвите, но и гонење на сторителите.

    На седницата на НКТ, беа усвоени заклучоци за формирање на работна група која ќе подготви итни измени и дополнувања на повеќе закони, со цел унапредување на институционалната координација и зајакнување на системот за заштита на жените жртви на насилство и семејно насилство.

    Еден од заклучоците од седницата е и формирање на  работна група со претставници од сите релевантни институции и граѓански организации: Министерство за социјална политика, демографија и млади, (МСПДМ), Министерство за внатрешни работи (МВР), Министерство за здравство (МЗ), Министерство за образование и наука (МОН), Министерство за правда (МП), Невладини организации (HBO), Надлежни судови, Јавно обвинителство, претставници од академската фела и Собранието согласно Деловникот за работа на Националното координативно тело (НКТ) за подготовка на Предлог измени и дополнувања на Законите:

    – Закон за полициски овластувања;

    – Закон за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство;

    – Закон за социјалната заштита;

    – Закон правда на децата;

    – Закон за бесплатна правна помош;

    – Закон за кривична;

    -Закон за парнична постапка и

    – Закон за исплата на паричен надоместок на жртви од кривични дела со насилство.

    Предлог измените треба да бидат доставени до Националното координативно тело во најкраток можен рок.

    На седницата се донесе и заклучок, да се дадат конкретни мерки и активности за подобрување на системот за заштита на жените жртви на насилство кој ќе бидат дел  од  Стратегијата и Акцискиот план за Спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство.

    Прочитај повеќе

    Минчев во Струмица: ЗНАМ продолжува со работни средби со локалните организации и членството

    07.07.2026 во 22:02

    Битиќи: Ребалансот е фактура за владиниот дебакл, дефицитот руши рекорди, а власта крати од граѓаните и инвестициите

    07.07.2026 во 21:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.