Close Menu
Press24
    Најново

    Македонец предизвика голема полициска акција во Швајцарија

    30.10.2026 во 23:51

    Милијарди долари под знак прашалник: Хакери ја нападнаа најголемата криптоберза „Бајнанс“

    30.10.2026 во 23:29

    Масовни протести и судири со полицијата во Италија: Осуммина уапсени, користени водени топови во Рим и Торино

    30.10.2026 во 23:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Македонец предизвика голема полициска акција во Швајцарија
    • Милијарди долари под знак прашалник: Хакери ја нападнаа најголемата криптоберза „Бајнанс“
    • Масовни протести и судири со полицијата во Италија: Осуммина уапсени, користени водени топови во Рим и Торино
    • Прво обраќање на Криста Пајк по неуспешната егзекуција: „Болката е и во мојот ум и во душата“
    • Илјадници луѓе на улиците на Франција по крвавиот масакр
    • САД наредија евакуација на дел од дипломатскиот персонал од Саудиска Арабија
    • Врховниот суд ја потврди казната: 12 години затвор за Стојанче Јовановски
    • УХМР со најнови мерења: Еве каде е најстудено вечерва во Македонија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Аеродром добива најсовремена полициска станица: Тошковски на увид во финалните работи

    Аеродром добива најсовремена полициска станица: Тошковски на увид во финалните работи

    09.03.2026 во 15:282 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска изврши увид во градежните активности на новата полициска станица во општина Аеродром, која претставува еден од капиталните инфраструктурни проекти на Министерството за внатрешни работи.

    Изградбата на новиот објект е дел од поширокиот процес на унапредување на условите за работа на полициските службеници, но и на квалитетот на услугите што Министерството ги обезбедува за граѓаните. Во рамки на овој процес, во изминатиот период беше пуштена во употреба целосно реновирана полициска станица во Бутел, како и осум нови канцеларии за управни работи ширум државата. Меѓу нив се и новите канцеларии за граѓански работи на СВР Скопје во објектот на МТВ, кои овозможуваат побрзо, поефикасно и покомфорно остварување на услугите за лични документи и други административни потреби на граѓаните.

    „Континуирано инвестираме во подобрување на условите за работа на полициските службеници и во модернизација на услугите што ги добиваат граѓаните. Новата полициска станица во Аеродром ќе биде современ објект кој ќе обезбеди подобра организација на работата, повисоко ниво на безбедност и поквалитетна услуга за граѓаните“, истакна министерот Тошковски при увидот.

    Според информациите од терен, градежните активности се одвиваат според планираната динамика, а објектот се очекува целосно да биде завршен до крајот на мај.

    Новата полициска станица е проектирана со главен влез за граѓаните од страната на булеварот, со цел полесен и попрактичен пристап, како и дополнителен влез на задната страна за службени потреби. Објектот располага со 36 паркинг места и целосно уредена атмосферска и фекална канализација, а гасоводните инсталации се заштитени според највисоки безбедносни стандарди.

    Фасадата на објектот е речиси целосно завршена, а предвидени се три главни влезови – за управните служби, за полициските служби и посебен притворски влез. Внатрешноста на објектот е опремена со современи простории за работа, вклучително и посебно опремени простории за работа со деца – жртви на насилство, изолирана оружарница, модерни сали за состаноци на секој кат, магацински простории, како и единаесет простории за задржување со специјални безбедносни врати и прозорци.

    Во објектот е предвидена и посебна просторија за препознавање, а инсталирано е и подно греење. Електричните инсталации и цевководите се веќе завршени, додека во тек е финалната фаза на поставување на подовите и системот за греење.

    Прочитај повеќе

    Врховниот суд ја потврди казната: 12 години затвор за Стојанче Јовановски

    30.10.2026 во 22:37

    УХМР со најнови мерења: Еве каде е најстудено вечерва во Македонија

    30.10.2026 во 22:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.