Close Menu
Press24
    Најново

    Колони возила на бензиските – се чека ред за точење

    09.03.2026 во 23:41

    Цената на нафтата „потона“ за 30% по изјавата на Трамп за победа

    09.03.2026 во 23:17

    Трамп: Војната со Иран е „речиси целосно завршена“

    09.03.2026 во 22:51
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Колони возила на бензиските – се чека ред за точење
    • Цената на нафтата „потона“ за 30% по изјавата на Трамп за победа
    • Трамп: Војната со Иран е „речиси целосно завршена“
    • Трајановски: Наместо 600 евра минимална плата, власта има други, погрешни приоритети
    • Трајановски: Наместо повисоки плати за домашните работници, власта отвора врата за странски  „економски работници“
    • Путин му се јави на Трамп: Разговарале цел час
    • Тинејџери со автомобил излетаа од патот
    • Важно за сите Македонци во Кувајт: Владата организира специјален лет
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Авионот слета во Скопје, Муцунски ги пречека македонските државјани од Дубаи – Дамите добија рози

    Авионот слета во Скопје, Муцунски ги пречека македонските државјани од Дубаи – Дамите добија рози

    09.03.2026 во 08:223 Mins Read
    ФОТО: Министерство за надворешни работи и надворешна трговија
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    По вчерашната евакуација на 151 лице од Дубаи, кои вчеравечер пристигнаа на Скопскиот аеродром, се очекува следниот авион да пристигне во вторник, со приближно ист број патници.

    Третиот лет е планиран за средината на неделата, но сѐ уште се чека да се утврди дали ќе има зголемен интерес кај македонските граѓани кои се наоѓаат во ризичните подрачја, за летот да биде целосно пополнет.

    Како што изјави министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во тек се активности и за евакуација на македонски државјани кои се наоѓаат во Бахреин, Катар и Кувајт. Планирано е тие најпрво да бидат префрлени во Саудиска Арабија, од каде што во среда се очекува да бидат донесени во земјава со авион.

    – Вкупно 14 граѓани кои требале да бидат на денешниот лет од Дубаи за Скопје до последен момент најавувале дека ќе дојдат, но не се појавиле на аеродромот. Ги повикуваме нашите државјани, кога одлучуваат да не ја користат оваа услуга, на евакуирање, да не информираат навреме за тоа. Среќа што бевме подготвени и што се ангажираше нашата Амбасада со листа на чекање, да ги пополниме тие 14 места со граѓани што требаше да бидат на летот во вторник. Замолувам и апелирам на максимална одговорност зашто се трошат буџетски средства. Кога е во прашање безбедноста, нашата цел е секој лет да биде пополнет до последното возможно место.- Во минатото сме имале пракса за репатријација да плаќаат спрема државниот буџет. Граѓаните плаќаат даноци, да знаат дека државата во моментот на криза, кога има вакви ситуации, таа секогаш ќе работи на обезбедување најбезбедни услови за нив. Ние сме една од ретките држави која го прави ова на ваков начин, но сметаме дека системот колку и да има свои предизвици, секогаш, во вакви сложени моменти, мора на граѓанинот да му даде сигурност, да знаете, дека кога сте македонски државјани, институциите стојат позади вас, подвлече министерот.

    Граѓаните кои од Дубаи пристигнаа во Скопје, беа исклучително среќни и изразија голема благодарност до Владата за организацијата на целиот процес на евакуација.

    – Се организиравме преку Амбасадата која претходно ја контактиравме, среќни сме, стигнавме дома. Додека бевме во Дубаи се слушаа експлозии, аларми преку ноќ не будеа од спиење, не беше баш пријатна ситуацијата. Блиску не слушнавме експлозија, ниту видовме повредени, но, сепак, воопшто не беше пријатно, изјави патникот.

    Министерот, кој ги пречека патниците директно, пред авионот, се поздравуваше со секој од нив, а на припадничките од понежниот пол им подари и по една ружа, во чест на празникот 8 Март.

    Top News
    Популарно

    Цената на нафтата „потона“ за 30% по изјавата на Трамп за победа

    09.03.2026 во 23:17

    Трамп: Војната со Иран е „речиси целосно завршена“

    09.03.2026 во 22:51

    Трајановски: Наместо 600 евра минимална плата, власта има други, погрешни приоритети

    09.03.2026 во 22:17

    Тинејџери со автомобил излетаа од патот

    09.03.2026 во 21:15
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.