Close Menu
Press24
    Најново

    Марта Кос денеска во Скопје: Во фокусот европскиот пат и реформите

    08.07.2026 во 08:06

    На маса 224 амандмани – Ребалансот на Буџетот повторно пред пратениците

    08.07.2026 во 08:04

    Се избира претседател на Кривичен Суд – Судскиот совет денеска со одлука

    08.07.2026 во 08:03
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Марта Кос денеска во Скопје: Во фокусот европскиот пат и реформите
    • На маса 224 амандмани – Ребалансот на Буџетот повторно пред пратениците
    • Се избира претседател на Кривичен Суд – Судскиот совет денеска со одлука
    • Сиљановска-Давкова пред лидерите на Алијансата – Обраќање на Самитот на НАТО
    • Високи температури, а попладне пороен дожд и грмежи – УХМР најавува какво ќе биде времето до недела
    • Како е опишано раѓањето на св. Јован (Иванден) од страна на евангелистот Лука
    • Ќоку: За ВЛЕН важно е дијаспората да гласа без разлика на формата, но да бидат во согласност со меѓународните стандарди
    • Тошковски: Најниско ниво на криминалитет во последните 20 години
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Пешевска со порака за 8 март: Создаваме општество во кое секоја жена ќе живее без страв

    Пешевска со порака за 8 март: Создаваме општество во кое секоја жена ќе живее без страв

    08.03.2026 во 14:002 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Денес зборуваме за почит, можности и еднаквост. Но овие зборови немаат вистинска тежина ако не сме подготвени да ја погледнеме и реалноста со која се соочуваме. За жал, оваа година 8 Март го одбележуваме и во сенка на една голема трагедија што ја потресе јавноста, загубата на два човечки животи, мајка и дете, како жртви на семејно насилство. Изразувам искрено сочувство до семејството. Оваа болка е потсетник дека како општество имаме заедничка одговорност, институциите да реагираат навремено, координацијата да биде поефикасна, а превенцијата и поддршката да станат вистински приоритет. Затоа што понекогаш навремената реакција е прашање на живот, изјави на денешната прес-конференција Жаклина Пешевска од ВМРО-ДПМНЕ.

    Истовремено, бројките говорат јасно. Жените во нашата држава се сѐ пообразовани, но сѐ уште се помалку присутни на пазарот на труд. А кога се присутни, често за истата работа добиваат помала плата. Само дел од имотот е во сопственост на жените, а нивното учество во одлучувањето, особено на локално ниво, сѐ уште не ја отсликува вистинската структура на нашето општество.

    Законите се важни, но законот што не се спроведува е само текст. Потребна е вистинска политичка волја, одговорни институции и општество што ја вреднува улогата на жената.

    Почитта не е симболика. Почитта значи безбедност.

    Можностите значат економска самостојност и фер шанса.

    Еднаквоста значи жените да бидат рамноправни креатори на политики и општествени промени.

    Кога жената е силна, семејството е стабилно. А кога семејството е стабилно, државата е посилна.

    Затоа 8 Март не е само ден за честитки. Тоа е ден на одговорност, да создадеме општество во кое секоја жена ќе живее без страв, со достоинство и со еднаква можност да успее.

    Драги дами, честит 8 Март. Нека овој ден биде потсетник дека борбата за почит, можности и еднаквост продолжува секој ден, за секоја жена, за секое дете и за иднината што сите ја заслужуваме, додаде Пешевска.

    Прочитај повеќе

    Ќоку: За ВЛЕН важно е дијаспората да гласа без разлика на формата, но да бидат во согласност со меѓународните стандарди

    07.07.2026 во 23:17

    Минчев во Струмица: ЗНАМ продолжува со работни средби со локалните организации и членството

    07.07.2026 во 22:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.