Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтини но од утре не чека значително поскап дизел

    20.09.2026 во 12:50

    СДСМ: Земјоделецот плаќа повеќе а не добива ништо – Мицкоски гледа за дата центри и антимон

    20.09.2026 во 12:41

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Филипче: Минималната плата мора да се зголеми на 600 евра – луѓето не можат да врзат крај со крај
    • Повредена жена, ја удрил автомобил на тротоар
    • Тројца млади повредени во сообраќајка во Велес
    • Мисајловски во посета на Словенија: Средба со дијаспората пред состаноците на министрите за одбрана
    • Специјализант најави штрајк со глад: Обвинува за фаворизирање и неправда на Медицинскиот факултет
    • Камен пијан Мексиканец се степал со полицаец во Ѓорче Петров
    • Загина 17 годишна девојка: 7 годишно дете и тројца возрасни повредени во сообраќајка на патот Битола-Прилеп
    • Утре локални врнежи и услови за невреме
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: Власта на Филипче и Заев стана испостава на режимите на Путин и Лукашенко

    ВМРО-ДПМНЕ: Власта на Филипче и Заев стана испостава на режимите на Путин и Лукашенко

    06.03.2026 во 09:422 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    СДС на Зоран Заев и Венко Филипче седум години на власт водеше антидржавна политика. За личните и бизнис интереси на Филипче и Заев, власта на СДС ги распродаваше националните интереси и ја стави под ризик стратешката ориентација на државата. Наместо про НАТО и про ЕУ ориентирана држава, СДС на Заев и Филипче Македонија ја претворија во хибриден режим и продолжеток на режимите на Владимир Путин и Александар Лукашенко, велат од ВМРО-ДПМНЕ во соопштение за јавноста.

    Власта на СДС е позната по тоа што спротивно на националните интереси, издаваше македонски пасоши на белосветски наркобосови и криминалци, како што беше и државјанството на рускиот олигарх близок до Путин и осуден криминалец во Украина за перење пари и корупција, Александар Онишченко.

    Но, давањето државјанства на светски криминалци не беше единствено што власта на СДС го правеше спротивно на државните интереси, туку и даваше милионски државни тендери на фирми на почесни конзули на држави блиски со руската политика, како што е Белорусија Борче Марковски.

    СДС на Заев и Филипче на Марковски му доделиле милионски тендери, 141 на број за кои денес се наоѓа на обвинителна клупа. Од друга страна, пак, рускиот олигарх Онишченко избега од Украина поради перење пари и корупција, за да Македонија под тогашна власт на СДС, како многуте белосветски криминалци, и овој близок човек на Путин го прими со раширени раце.

    Случајот со милионските тендери на Марковски и македонското државјанство на Онишченко, се слични по нивната природа, и во двата случаи постојат основани сомненија за коруптивни шеми.

    Исто така, двајцата ликови се поврзани со луѓе блиски до Русија и тоа не води до заклучок, дека во времето на СДС, Заев и Филипче, спротивно на државните интереси, се негувале блиски односи со луѓе кои се поврзуваат со кругови блиски до Путин и Лукашенко.

    Ваквата антидржавна и ненародна политика на СДС, Филипче и Заев која се води исклучиво од личните и бизнис интереси на поединци, треба да остане таму каде што е сега, во минатото.

    Време е за достоинствено водење на државата, со заштита на националните и стратешки интереси.

    Прочитај повеќе

    Филипче: Во Македонија веќе не се живее – ни 1.500 евра месечно не се доволно

    20.09.2026 во 13:32

    Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

    20.09.2026 во 13:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.