Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтини но од утре не чека значително поскап дизел

    20.09.2026 во 12:50

    СДСМ: Земјоделецот плаќа повеќе а не добива ништо – Мицкоски гледа за дата центри и антимон

    20.09.2026 во 12:41

    Ивон Величковски: Кое е тоа Собрание што ќе гласа против 150 или 300 илјади граѓани за ЕУ?

    20.09.2026 во 12:25
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Ќе нема вода од 9 часот – Водовод најави каде ќе има прекини на стартот на неделата
    • Студено утро, УХМР ги измери температурите – Од денеска следи пресврт со времето
    • Мисајловски во Словенија на состаноци за регионалната безбедност и одбранбена соработка
    • Нови чекори за македонскиот рубин: Сертификација, заштита и промоција
    • Мала Богородица – Празник со посебни обичаи и верувања за мајките
    • Мир, ненасилство и солидарност: Ученици ќе испратат пораки од центарот на Скопје
    • АМСМ со апел до возачите: Внимателно на патиштата каде има опасност од одрони
    • Државната ревизија пред членовите на Комисијата за финансирање и буџет
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ бара оставка од Тошковски по трагедијата во Карпош

    СДСМ бара оставка од Тошковски по трагедијата во Карпош

    04.03.2026 во 09:57Updated:04.03.2026 во 10:102 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Трагедијата во скопската населба Карпош, каде трагично згаснаа два животи на мајка и дете, покажа сериози пропусти на институциите за заштита од семејно насилство, се вели во соопштението од СДСМ.

    Две години пријавувано семејно, физичко и психичко насилство. Дури 12 пријави имало за сопругот, кој имал и други обвиненија а последниот случај му била најдена и дрога.  

    Институциите биле алармирани, било пријавувано, имале сознанија, имало индиции за ризик и со нивната несоодветна реакција не ги заштитиле жртвите.

    Потфрли Панче Тошковски, потфрли МВР, потфрлија Центрите за социјална работа, целиот институционален, државен систем.

    Формалното постапување, не почитувањето на законските одредби за гонење на семејно насилство по службена должност, недостатокот на навремена реакција доведоа до трагична смрт на мајка и дете.

    Само пред неколку месеци, во Велес, млада жена не беше заштитена, иако пријавувала малтретирање институциите не реагирале соодветно и беше убиена заедно со нејзиниот татко.  Само во 2026 година изгубени се четири животи поради родово базирано и семејно насилство.

    За сите овие институционални пропусти мора да има одговорност.

    Бараме оставка од Панче Тошковски, соодветна истрага која со име и презиме ќе утврди одговорност кај сите службени лица од МВР, центрите за социјална работа и кај сите останати институции.

    Проблемот почнува од врвот! 

    Сега Тошковски се сети да праќа телеграми, кога на некој му стигнуваат телеграми со сочувство? Требаше досега нешто да преземе. Одговорноста е кај оној што го води системот и не може да биде префлрена на некој друг. Единствена телеграма сега што треба да ја прати е неговата оставка.

    Прочитај повеќе

    Филипче: Во Македонија веќе не се живее – ни 1.500 евра месечно не се доволно

    20.09.2026 во 13:32

    Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

    20.09.2026 во 13:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.