МНР со важно соопштение за сите Македонци кои се наоѓаат во ОАЕ.
Имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, ја информираме јавноста дека во координација со властите во Обединетите Арапски Емирати, активно се работи на финализирање на деталите околу организацијата на чартер летови за евакуација на македонските државјани.
Ги повикуваме сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а веќе не се пријавиле, во најкраток рок да се пријават на следните контакти:
Амбасада на Република Северна Македонија во Абу Даби
Телефон: +971 56 441 7532
Е-пошта: abudabi@mfa.gov.mk
Безбедноста на македонските државјани останува наш највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за сите понатамошни чекори и услови за безбедна реализација на евакуацијата, информираат од МНР.

