Close Menu
Press24
    Најново

    Македонец предизвика голема полициска акција во Швајцарија

    30.10.2026 во 23:51

    Милијарди долари под знак прашалник: Хакери ја нападнаа најголемата криптоберза „Бајнанс“

    30.10.2026 во 23:29

    Масовни протести и судири со полицијата во Италија: Осуммина уапсени, користени водени топови во Рим и Торино

    30.10.2026 во 23:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Македонец предизвика голема полициска акција во Швајцарија
    • Милијарди долари под знак прашалник: Хакери ја нападнаа најголемата криптоберза „Бајнанс“
    • Масовни протести и судири со полицијата во Италија: Осуммина уапсени, користени водени топови во Рим и Торино
    • Прво обраќање на Криста Пајк по неуспешната егзекуција: „Болката е и во мојот ум и во душата“
    • Илјадници луѓе на улиците на Франција по крвавиот масакр
    • САД наредија евакуација на дел од дипломатскиот персонал од Саудиска Арабија
    • Врховниот суд ја потврди казната: 12 години затвор за Стојанче Јовановски
    • УХМР со најнови мерења: Еве каде е најстудено вечерва во Македонија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Николоски: Патот од Фариш до Прилеп не смее да остане црна дупка

    Николоски: Патот од Фариш до Прилеп не смее да остане црна дупка

    03.03.2026 во 08:202 Mins Read
    ФОТО: ВМРО-ДПМНЕ
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    За изградбата на автопатот Гостивар – Букојчани ја донесовме најрационалната одлука во моментот, со оглед на економската состојба на државата и нашите можности да го финансираме проектот, истакна вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски.

    Во интервју за „360 степени“, Николоски објасни зошто автопатската делница ќе се гради без тунел.

    – Разликата помеѓу опцијата со и без тунел изнесуваше 250 милиони евра, бидејќи се работи за тунел долг 5,3 километри. Ако би имале неограничен буџет, сигурно би го изградиле тунелот, но еден километар тунел чини околу 50 милиони евра, а проценетата вредност за овој тунел беше 250 милиони евра, со можност за отстапка од 25 отсто. Теоретски, проектот со тунел можеше да чини и преку 300 милиони евра, појасни Николоски.

    На прашањето за косината на автопатската делница и дозволената брзина, вицепремиерот посочи дека на потегот од 31 км до 14 км нагибот е до 6 отсто, што е под стандардот за автопат (до 7 отсто). Возилата на автопатот ќе можат да се движат со брзина од 110 до 130 км/час, бидејќи кривините ќе бидат поблаги.

    – На автопатот работат инженери и проектантски компании кои ја изведуваат работата според најновите светски стандарди, додаде Николоски.

    Во врска со патниот потег од Фариш до Прилеп, тој нагласи дека не може и не смее да остане „црна дупка“.

    – Интензивно работиме на решение за изградба на автопат или експресен пат, со цел комплетна изградба на Коридорот 10-д, кој го поврзува Скопје со Атина. Завршувањето на овие 25 км ќе го скрати патувањето од сегашни 8–8,5 часа на 5–5,5 часа, што значително ќе ја подобри трговската и бизнис соработката меѓу двете држави, објасни Николоски.

    Тој истакна дека и од македонска и од грчка страна се вложуваат големи напори за реализација на Коридорот 10-д.

    – Грчката страна интензивно гради автопат од границата, преку Лерин до Кожани, додека ние работиме на потегот Прилеп – Битола. Втората фаза опфаќа обиколница на Битола – Жабени и граничен премин. Делницата Градско – Дреново – Фариш е завршена, но потегот од Фариш до Прилеп, популарно наречен Плетвар, треба да се реши со автопат, појасни Николоски.

    Според вицепремиерот, конечната одлука дали потегот од Фариш до Прилеп може да се изгради како автопат треба да ја дадат стручни лица, бидејќи теренот е многу сложен.

    Прочитај повеќе

    Врховниот суд ја потврди казната: 12 години затвор за Стојанче Јовановски

    30.10.2026 во 22:37

    УХМР со најнови мерења: Еве каде е најстудено вечерва во Македонија

    30.10.2026 во 22:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.