Американски борбен авион Ф-15 се урна во Кувајт, а снимките што кружат на социјалните мрежи покажуваат како неколку авиони се уриваат на територијата на оваа земја.
Се верува дека станува збор за снимки од американски борбени авиони, кои беа соборени под сè уште неутврдени околности, а објавено е дека се урна и катарски „Еурофајтер Тајфун“.
На драматичните снимки што кружат на мрежата X, се гледа како пилотот на американски Ф-15 се катапултира и безбедно се спушта на земјата, додека авионот паѓа неколку стотици метри до него.
На мрежите кружат информации дека авионите биле соборени од „пријателски оган“, додека Иран наводно дал изјава, тврдејќи дека неговите сили ги собориле авионите.
Footage of F-15 pilots ejecting in Kuwait
— NEXTA (@nexta_tv) March 2, 2026
They are safe and alive. https://t.co/Ag5Udk2kPL pic.twitter.com/GP7eetW1Ib

