Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, денеска упати остри обвинувања до СДСМ, тврдејќи дека партијата е во хистерија по приведувањето на поранешниот вицепремиер Артан Груби. Според Петрушевски, СДСМ стравува од тоа што Груби може да открие пред истражните органи за неговата соработка со поранешните функционери.
„СДС, партијата која соработуваше и молчеше кога Груби правеше криминал, се исплаши до срж, затоа што не знаат што сè Груби може да каже. Дали имаат страв дека неговиот исказ ќе оди до поранешен претседател на СДС и премиер на Македонија?“, праша Петрушевски на денешната прес-конференција.
Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ го разбира револтот на граѓаните поради мерката куќен притвор, но нагласи дека институциите си ја завршиле работата со неговото приведување по едногодишно бегство.
„Артан е ортак во криминалите на Заев, Филипче, Спасовски и сите заедно ќе се соочат со правдата и ќе одговараат. Затоа е и паниката и нервозата во редовите на СДС, стравот од одговорност им влегол длабоко во коски“, изјави пратеникот.

