Close Menu
Press24
    Најново

    Николовска: Владата овозможува вработување за уште 300 приватни специјализанти и зголемување на платите во здравството

    25.08.2026 во 12:49

    Петок неработен ден – УХМР ја објави временската за продолжениот викенд

    25.08.2026 во 11:10

    Добри вести за возачите: Цените на нафтата продолжуваат да паѓаат

    25.08.2026 во 09:28
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Овие намирници не треба да ги чувате во вратата од фрижидерот, грешка што многу луѓе ја прават
    • Кои 10 градови се прогласени за најубави летни дестинации во светот
    • Лавров: Москва и Ватикан го зачуваа дијалогот заснован на заемна почит и доверба
    • Канада воведува нови царини за американските производи
    • Не е само наталитетот: илјадници деца родени во Македонија не стигнуваат до македонските училишта
    • Италијанец ќе оди во затвор: изградил антички театар од стиропор и ги лажел туристите дека е 2000 години стар
    • Трамп: Ормуската Теснина е исчистена од мини, секој што ќе постави нови ќе биде уништен
    • Македонија со најевтино гориво – Албанија со најскапо
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Меџити: Мастер планот за Чаир се преточува во реалност преку нови булевари и општински базен

    Меџити: Мастер планот за Чаир се преточува во реалност преку нови булевари и општински базен

    21.02.2026 во 16:012 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, придружуван од стручниот тим задолжен за изработка на Мастер планот за развој на општината, оваа недела изврши серија теренски посети низ неколку населби. Целта на овие активности е директно следење на динамиката на капиталните проекти кои веќе влегоа во фаза на реализација.

    Од локалната самоуправа информираат дека за време на увидот биле презентирани досегашните интервенции, како и плановите за следните фази од урбаниот развој. Како клучни проекти кои веќе ја менуваат сликата на локалната инфраструктура се посочени работите на улицата „Ферид Мурат“ и булеварот „Мит’хат Фрашери“, каде се забележуваат видливи подобрувања во сообраќајот, пристапноста и целокупниот урбан стандард.

    „Мастер планот на Чаир не е само стратешки документ, туку конкретен процес што чекор по чекор се реализира на терен, преку инвестиции што директно го подобруваат квалитетот на животот на граѓаните“, истакна градоначалникот Меџити за време на посетите.

    Општината паралелно работи на повеќе фронтови. Во тек е изградбата на новиот општински базен, проект кој се смета за круцијален за развојот на спортот, рекреацијата и активностите на младите во Чаир. Еден од најстратешките сегменти, пак, е проширувањето на булеварот „Цветан Димов“, зафат кој треба да ја зголеми функционалноста и да создаде побезбедна сообраќајна оска. Истовремено, локалната власт воведува современи еколошки стандарди преку поставување на подземни контејнери за поефикасно управување со отпадот.

    Прочитај повеќе

    410 првачиња од Ѓорче Петров ќе добијат бесплатно ранче и училишен прибор

    25.08.2026 во 20:38

    ФОТО: Чистка во Карпош – старите коли во отпад

    25.08.2026 во 19:34
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.