Close Menu
Press24
    Најново

    Приведен полицаец – пукал со службениот пиштол пред ресторан во Кратово

    02.08.2026 во 16:02

    Семејна драма во неготинско: Пијан син се самоповредил со остар предмет, па го нападнал татка си

    02.08.2026 во 15:50

    Пожар во маркет во центарот на Скопје: Горела кујната за готови јадења

    02.08.2026 во 15:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Приведен полицаец – пукал со службениот пиштол пред ресторан во Кратово
    • Семејна драма во неготинско: Пијан син се самоповредил со остар предмет, па го нападнал татка си
    • Пожар во маркет во центарот на Скопје: Горела кујната за готови јадења
    • Берово: Четиригодишно девојче итно пренесено во болница откако проголтало капсула за перење
    • Драма во Охрид: По расправија за паркинг, 73-годишник вперил пиштол кон скопјанец
    • Тошковски на Илинден од Пелинце: Да ја јакнеме државата и да ги негуваме вредностите што ни ги оставија илинденците и асномците
    • Змија влегла во куќа во струмичко – интервенирале пожарникарите
    • Гори кај Кванташки пазар – ЦУК со најнови детали
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Жерновски до Митева: Никако да каже Владата дали парите за авион ќе ги пренасочи за минималната плата

    Жерновски до Митева: Никако да каже Владата дали парите за авион ќе ги пренасочи за минималната плата

    18.02.2026 во 21:112 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Целата денешна изјава на Мицкоски беше обвиткана во лоша порака, дека ако се случи несреќа, ако падне авионот, сите ќе сфатиме и ќе жалиме, па тогаш ќе разбереме што сакал да каже премиерот. Како може премиер така да зборува? Наместо јасни одговори, не слушнавме објаснување дали авионот бил користен за приватни цели. Молк. Молк за ова, молк за тоа, молк за аферите, молк за криминалите. Седум тони дрога ја потресуваат државата и регионот, а 17 дена од власта нема одговор“, истакна Андреј Жерновски, член на ИО на СДСМ, во дебатната емисија „Само вистина“.

    Тој остро го критикуваше однесувањето на Владата и постави директно прашање за приоритетите на државата:

    „Сега кога се откажавте од купување на луксузен авион, дали средствата што беа планирани за таа набавка ќе ги насочите за зголемување на минималната плата? Граѓаните заслужуваат јасен одговор, да или не.“, ја праша Жерновски портпаролката на Владата, Марија Митева, и до крајот на емисијата не доби никаков одговор.

    Жерновски истакна дека проблемот е системски и дека контрадикторните пораки на Владата зборуваат за забеганост и создаваат несигурност кај граѓаните.

    „Не може еден ден да тврдите дека буџетот е во одлична состојба, а веќе наредниот ден да слушаме дека состојбата не е добра, и паралелно да планирате луксузна набавка. Има семејства што живеат во сиромаштија, а Владата зборува за авиони и луксуз. Кога инфлацијата го јаде стандардот, кога на каса недостигаат пари, државата мора да биде на страната на граѓаните“, рече Жерновски.

    Тој додаде дека институциите мора да преземат одговорност и приоритет мора да бидат граѓаните.

    „Две години ДПМНЕ се на власт и сè уште бараат одговори од опозицијата. Институциите ви се во раце, постапувајте. Ако навистина се грижите за граѓаните, покажете го тоа со конкретни мерки и пренасочете ги средствата за минималната плата и економската сигурност. А не да ја гледаме забеганоста на премиерот. Ние имаме тешка состојба во која се наоѓа државата, ситуација во која граѓаните не можат да го дочекаат другиот месец. Има огромен број семејства кои живеат во сиромаштија“, рече Жерновски.

    Прочитај повеќе

    Андоновски од Смилево: Илинден е вредносен систем – непокор, слобода и иднина

    02.08.2026 во 11:25

    Делегација на СДСМ оддаде почит во Пелинце по повод Денот на Републиката

    02.08.2026 во 10:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.